ISO 9000
ISO 9000 е фамилија на стандарди за системите за управување со квалитетот. ISO 9000 е пронајден и составен (изработен) од организацијата ISO (International Organization for Standardization) која е управувана од асоцијација на луѓе кои се овластени и квалификувани во областа за управување со квалитетот.
Компанијата или организацијата на која независно и е извршен надзор (преглед во работата) може да носи назив дека нејзината работа (производи) е стандардизирана со ISO 9000, односно дека ISO 9000 стандардот гарантира дека во таа фирма се имплементирани одредени доследни процеси кои ќе и помогнат на таа организација да стане најдобра во својата класа доколку константно го унапредува нејзиниот систем за менаџмент со квалитетот. Погрешно е да се мисли дека за квалитетот на производите на таа организација гарантира ISO 9000 стандардот.
Треба да се спомне, дека кога се спомнува зборот производ дека не се мисли само на физички производ туку и на софтвер и на најразлични услуги.
Историја на ISO 9000
[уреди | уреди извор]За време на Втората светска војна, се појавувале проблеми со квалитетот во многу од Британските високо технолошки индустрии како што се индустријата за муниција, каде што бомбите експлодирале во фабриките за време на монтирањето.
Во такви услови решението што го усвоиле британците било тоа да фабриките почнат да ги документираат процедурите за изработка и тоа да го потврдуваат со записи (документи) кои ќе ги чуваат и врз таа основа да се заснова производството. Овој стандард се викал BS 5750, и бил познат како стандард за управување, бидејќи не се однесувал на тоа што се изработува туку се однесувал на тоа како да се управува со процесот на изработка. Со тоа во Седан во 1987 Британската Влада го предложила BS 5750 на Интернационалната Организација за Стандардизација да биде признат како меѓународен стандард. Така BS 5750 станува ISO 9000.
Верзијата на ISO 9000 од 1987
[уреди | уреди извор]ISO 9000:1987 ја има истата структура како BS 5750, со три модели на системите за обезбедување на квалитет кои претставуваат збир на активности на организацијата.
- ISO 9001:1987 е модел за обезбедување на квалитетот во дизајнот, истражувањето, производ-ството, имплементацијата и одржувањето наменет за компании и организации чии активности вклучуваат создавање на нови производи.
- ISO 9002:1987 е модел за обезбедување на квалитетот во производството, имплементацијата и одржувањето и го содржи во основа истиот материјал како ISO 9001 но со исклучок на деловите во кои е опфатено создавањето на нови производи.
- ISO 9003:1987 е модел за обезбедување на квалитетот во крајното испитување и тестирање на финалниот производ, без оглед на тоа како се дошло до тој производ.
Верзијата на ISO 9000 од 1994
[уреди | уреди извор]ISO 9000 : 1994 кој вклучува три модели во себе:
- ISO 9001:1994 – кој ги дефинира барањата,
- ISO 9002:1994 – кој го покрива концептот и речникот,
- ISO 9004:1994 – кој претставува додатно упатство што се однесува за подобрување на перформансите.
Верзијата на ISO 9000 од 2000
[уреди | уреди извор]Новиот стандард ISO 9001 : 2000 дава голем чекор напред во подрачјето на квалитетот каде тежиштето од обезбедување на квалитетот се поместува кон менаџмент со квалитетот. Тоа во основа значи дека менаџмент системот за квалитет треба доследно да обезбеди ефикасност во остварување на целите, за да обезбеди релевантни информации за преиспитување на процесите и овозможи континуирано унапредување на системот.
Преку новиот стандард ISO 9001:2000 се гради стратегија за да се стане најдобар во својата класа и постигнување на тотален менаџмент со квалитетот (TQM).
Идната верзија која би требало да излезе во 2008 нема да има некои есенцијални промени од стандардот од 2000 но сепак ќе донесе новини кои ќе го подобрат управувањето со квалитетот.
Краток преглед на ISO 9001:2000 на едноставен начин
[уреди | уреди извор]- Прирачникот за квалитет претставува формален извештај од менаџментот, блиску поврзан со маркетинг и бизнис планот, а исто така и со потребите на потрошувачите. Прирачникот за квалитет е разбирлив и треба да биде спроведен на сите менаџерски нивоа и кај сите вработени. Од посебна важност е тоа да секој вработен ги извршува задачите кои му се зададени.
- Одлуките за системот за квалитет се засновани на запишани (зачувани) податоци и системот правилно се преиспитува и се вреднува во врска со неговата сигурност и делотворност.
- Потребна е документирана процедура за контрола на документите за квалитет во компанијата. Секој мора да има пристап до документите во секој момент и треба да биде обучен и свесен за тоа како да ги употреби.
- Со цел да се зачува системот за обезбедување на квалитет и да се осигура константен производ, потребно е да се обезбеди погодна инфраструктура, ресурси, информации, опрема, уреди за контрола и мерење а исто така и погодни услови за работа.
- Треба детално да бидат разработени сите клучни процеси во компанијата, да се изврши мерење, контрола и анализи, и да се осигура дека се запазени сите цели за запазување на квалитетот на производот. Доколку нема можност процесите да се контролираат со мерење, тогаш треба да се осигура дека процесот е толку добро определен така што да може да се прават измени доколку производот не ги задоволува потребите на потрошувачот.
- За секој производ што го произведува компанијата, треба да се дефинираат барања за квалитетшто треба да ги поседува производот, план за извршувањето на процесите, а исто така и документ и резултати од испитувања и мерења кои ќе служат како доказ за квалитетот на производот. За секој процес треба да се одреди каков тип на процедурална документација е потребна. (Треба да се напомене дека под производ подразбираме хардвер, софтвер, услуга, материјали за преработка или комбинација на претходно наведените производи).
- Треба да се одредат клучните точки каде што секој процес секој ќе треба да се испитува или мери, и да се осигура дека сета опрема со која се вршат мерења и испитувања е правилно употребена и калибрирана.
- Треба да има јасни барања за производот што се купува.
- Организацијата треба да ги согледа барањата на потрошувачите и да создава системи за комуникација со потрошувачите во врска со информациите за производот, истражувањата, договорите, порачките, повратната врска и поплаките (незадоволството од производот).
- Кога се развива нов производ, од голема важност е да се планираат нивоата на развој на новиот производ, и секое ниво на развој да се тестира на соодветен начин. Потребно е да се тестираат и документираат сите барања кои треба да ги исполнува производот, било тоа да се барања во врска со дизајнот, контролни барања или потребите на потрошувачот.
- Контролата во организацијата треба да се врши со интерни (надворешни) прегледи и средби (состаноци). Да се одреди како функционира системот за обезбедување на квалитет и кои подобрувања би можеле да бидат направени. Исто така предвид треба да се имаат минатите проблеми и потенцијалните проблеми. Овие активности и донесените одлуки теба да се документираат и треба да се надгледува и следи нивната делотворност. (забелешка: потребна е документирана процедура за надворешните проверки и контроли).
- Потребни се документирани процедури за соочувањето со актуелните или потенцијалните проблеми со потрошувачите, снабдувачите или со надворешни проблеми. Треба да знаеме дека никој не користи лош производ, и затоа треба да се одлучи што ќе се прави со лошиот производ (шкарт), а исто така треба да се пронајде причината поради која истиот се појавува, сето тоа се документира за подоцна да биде искористено за подобрување на системот.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ISO (International Organization for Standardization)
- Introduction to ISO 9000 and ISO 14000 Архивирано на 14 август 2007 г.
- List Архивирано на 20 јули 2008 г. of national ISO member organizations.
- The ISO Survey – 2006 [PDF 1.2 MB]
- ISO's Technical Committee 176 Архивирано на 10 јуни 2010 г. on Quality Management and Quality Assurance
- Basic info Архивирано на 6 август 2010 г. on ISO 9000 development
- ISO 9000 FAQs Архивирано на 9 февруари 2008 г.
- Technical Committee No. 176, Sub-committee No. 2, which is responsible for developing ISO 9000 standards.