ISO 639-3
ISO 639-3:2007, „Кодови за претставување на имињата на јазиците — Дел 3: Алфа-3 код за сеопфатно претставување на јазиците“, е меѓународен стандард за јазични кодови во рамките на серијата ISO 639. Во стандардот се пропишани трибуквени кратенки за претставување на јазиците. Овој стандард е проширување на ISO 639-2 алфа-3 кодовите изработен со цел да се опфатат сите природни јазици. Стандардот е објавен на 5 февруари 2007.[1]
Наменет е за широка примена, особено кај компјутерските системи што бараат поддршка за голем број јазици. Стандардот ги наведува сите јазици за кои постојат податоци, вклучувајќи ги живите и мртвите, древните и вештачките, поглавните и споредните, пишаните и непишаните.[1] Меѓутоа тука не се опфатени реконструираните јазици како праиндоевропскиот.[2]
Ова е надмножество составено од ISO 639-1 и од поединечните јазици во ISO 639-2. ISO 639-1 и ISO 639-2 се задржале на позначајните јазици кои се најчесто претставени во целокупното јазично творештво во светот. Бидејќи ISO 639-2 содржи и збирови од јазици, а Дел 3 не содржи, ISO 639-3 не е надмножество на ISO 639-2. Каде што постојат B и T кодови во ISO 639-2, ISO 639-3 ги користи T-кодовите.
Примери:
јазик | 639-1 | 639-2 (B/T) | тип | 639-3 |
---|---|---|---|---|
Македонски | mk | mkd | поединечен | mkd |
Англиски | en | eng | поединечен | eng |
Германски | de | ger/deu | поединечен | deu |
Арапски | ar | ara | макро | ara: arb + неколку други |
Јужномински | поединечен | nan |
Конечната верзија на стандардот содржи 7589 записи (јазици)[3]. Јазиците се попишани во согласност со разни извори како: поединечни јазици заведени во 639-2, современи јазици од XV издание на Ethnologue, историски вариетети, древни јазици и вештачки јазици од Ентони Аристар од LINGUIST List, како и јазици препорачани од јавноста.
Преоѓањето од ISO 639-1 се врши со Список на ISO 639-1 кодови.
Макројазици
[уреди | уреди извор]Во ISO 639-2 which има 56 јазици што се сметаат за „макројазици“ во ISO 639-3 [4].
Некои од овие макројазици немале поединечен јазик по ISO 639-3 во кодниот збир на ISO 639-2, на пр. „ara“ (генерички арапски). Други како „nor“ (норвешки) веќе имале два поединечни дела во ISO 639-2 („nno“ (новонорвешки), „nob“ (букмол)).
Ова значи дека некои јазици (на пр. „arb“, стандарден арапски) кои по ISO 639-2 се сметале за дијалекти на еден јазик („ara“) сега се сместени во ISO 639-3 и во извесни ситуации се сметаат за поединечни јазици сами за себе.
Ова претставува обид за справување со вариететите кои се лингвистички различни, но говорниците ги сметаат за два облика на еден ист јазик, на пр. во случаи на диглосија.
На пример:
- http://www.sil.org/iso639-3/documentation.asp?id=ara Архивирано на 16 мај 2012 г. (генерички арапски, 639-2)
- http://www.sil.org/iso639-3/documentation.asp?id=arb Архивирано на 13 октомври 2010 г. (стандарден арапски, 639-3)
Видете [5] за целосна листа.
Збирни јазици
[уреди | уреди извор]Некои често употребувани ISO 639-2 кодови не претставуваат поединечни јазици или сродни јазици (како макројазиците). Тие се сметаат за збирни јазици („колективи“)[6] and are excluded from ISO 639-3.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 ISO 639-3 статус и извадок (iso.org) (англиски)
- ↑ Типови на поединечни јазици - Древни јазици (sil.org) Архивирано на 26 април 2012 г. (англиски)
- ↑ ISO 639-3 Коден збир Архивирано на 24 октомври 2008 г. (англиски)
- ↑ Опфат на означувањето: Макројазици (sil.org) Архивирано на 8 февруари 2013 г. (англиски)
- ↑ Коден распоред на макројазиците (sil.org) Архивирано на 13 јуни 2012 г. (англиски)
- ↑ Опфат на означувањето: Збирни јазици (sil.org) Архивирано на 8 февруари 2013 г. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Регистарска служба на ISO 639-3 (англиски)
- Список на древни и изумрени јазици Архивирано на 5 април 2005 г. (англиски)
|