[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

ISO 3166

Од Википедија — слободната енциклопедија

ISO 3166 е меѓународен стандард (ISO) што служи за обележување на имињата државите со код составен од две или три букви.

Целта на овој стандард е да обезбеди збир од кратенки за географски подрачја што би се користеле за општа употреба, односно за обележување на етикети, контејнери и слично. Во некои случаи кодот може да се користи и за попрецизно одредување на локацијата, особено кога целосното име на одредено географскo подрачје или место е тешко за изговарање.

ISO 3166 стандардот се состои од три дела:[1]

  • ISO 3166-1 - список на кодови на имењата на државите и независните територии, определен од три групи под-кодови:
    • ISO 3166-1 alpha 2 - кодови на земјите составени од две букви кои се најмногу користени, посебно како кодови на државите кај интернет домените.
    • ISO 3166-1 alpha 3 - кодови со три букви кои овозможуваат подобро визуелна асоцијација на кодот за името на земјата отколку alpha 2 кодовите.
    • ISO 3166-1 numeric - трицифрени кодови идентични со оние што ги развил Одделот за статистика при Обединетите Нации
  • ISO 3166-2 - список на кодови на регионите во државите
  • ISO 3166-3 - список на ISO 3166-1 кодови чија важност е истечена

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „What is ISO 3166?“. International Organization for Standardization (ISO). Архивирано од изворникот на 2011-08-06. Посетено на 2011-05-20.