788
< 7 век | 8 век | 9 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 788 DCCLXXXVIII |
Ab urbe condita | 1541 |
Ерменски календар | 237 ԹՎ ՄԼԷ |
Асирски календар | 5538 |
Балиски календар | 709–710 |
Бенгалски календар | 195 |
Берберски календар | 1738 |
Будистички календар | 1332 |
Бурмански календар | 150 |
Византиски календар | 6296–6297 |
Кинески календар | 丁卯年 (огн. зајак) 3484 или 3424 — до — 戊辰年 (зем. змеј) 3485 или 3425 |
Коптски календар | 504–505 |
Етиопски календар | 780–781 |
Еврејски календар | 4548–4549 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 844–845 |
- Сачка ера | 709–710 |
- Кали-југа | 3888–3889 |
Холоценски календар | 10788 |
Ирански календар | 166–167 |
Исламски календар | 171–172 |
Јапонски календар | Енрјаку 7 (延暦7年) |
Јавански календар | 683–684 |
Јулијански календар | 788 DCCLXXXVIII |
Корејски календар | 3121 |
Мингуо-календар | 1124 пред Р. Кина 民前1124年 |
Нанакшахи | −680 |
Селевкидски календар | 1099/1100 г.г. |
Тајландски сончев календар | 1330–1331 |
Тибетски календар | 阴火兔年 (женски оган-зајак) 914 или 533 или −239 — до — 阳土龙年 (машка земја-змеј) 915 или 534 или −238 |
788 (DCCLXXXVIII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 788 година од новата ера, 788. од првиот милениум, 88. од VIII век и деветта од 780-тите. Оваа година била определена како 788 уште од почетокот на средновековниот период, кога календарската ера Anno Domini стана најраспространетиот метод во Европа за определување на годините.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6296 и 6297 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5538 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4548 и 4549 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1541.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 788 година се протега во 3424 и 3425, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3484 и 3485 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1331. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 171 и 172 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]Според место
[уреди | уреди извор]Византиско Царство
[уреди | уреди извор]- Септември – Битката кај Копидандон: абасидската војска ја преминува Каликијската порта во Анадолија (денешна Турција).[1] Таа е соочена со две византиски војски кај Падјандос во Кападокија, кои биле поразени.
- Византиски војници предводени од Аделхис, син на поранешниот ломбардски крал Дезидериј, ја напаѓаат јужна Италија. Нивните обиди биле оневозможени од страна на Франките, кои нападнале територии во Беневенто, анексирајќи го Кието (Сполето).
Европа
[уреди | уреди извор]- Кралот Карло Велики ја освојува Баварија и таа станува дел од Франкското царство. Војводата Тасило III бил симнат од престолот и затворен во манастир.
- Гримоалд III, ломбардскиот војвода на Беневенто, е назначен како полуклиент од страна на кралот Чарлс Помладиот (син на Карло Велики) во Беневенто (Италија).
- Аварите, кои формирале сојуз со Тасило III, го нападнале Источнофранкското царство (денешна Германија). Со ова започнува франачко-аварскиот конфликт.
- Кралот Маурегато Астуриски умира по 5-годишно владеење и е наследен од страна на Бермудо I како владетел на Астурија (денешна Шпанија).
Британија
[уреди | уреди извор]- Кралот Елфвалд I Нортумбриски е убиен, најверојатно во Честерс, од страна на patricius-от Сига. Тој е наследен од страна на неговиот братучед Осред II.
Арапска империја
[уреди | уреди извор]- Абдурахман I, емир на Кордоба, умира по 32-годишно владеење и е наследен од неговиот син, Хишам I.
Според тема
[уреди | уреди извор]Религија
[уреди | уреди извор]- Започнува периодот опфатен во историскиот трактат на Адам Бременски за Хамбуршката архиепископија.
- Храмскиот комплекс Енрјаку-џи е основан од Саито, будистички монах, на планината Хиеј во Оцу (Јапонија).
Родени
[уреди | уреди извор]- Абу Тамам, муслимански поет (починал во 845)
- Ади Шанкара, индиски филозоф и теолог (починал во 832)
- Еџанг, кралот на Сила (Кореја) (починал во 809)
- Ал-Зубајр ибн Бакар, муслимански историчар (починал во 870)
- Ида Херцфелдска, франачка војвотка и светица (приближен датум)
- Ли Заији, генерал на династијата Танг (починал во 837)
- Методиј I Цариградски, Цариградски патријарх (или 800)
Починати
[уреди | уреди извор]- 23 септември – Елфвалд I, крал на Нортумбрија
- Абдурахман I, муслимански емир на Кордоба (роден во 731)
- Аделхис, крал и ко-регент на Ломбардите
- Хнаби, војвода на Алемани (приближен датум)
- Маурегато, крал на Астурија (или 789)
- Мазу Даоји, кинески зен-будистички монах (роден во 709)
- Онакатоми но Кијомаро, јапонски благородник (роден во 702)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Treadgold 1988, стр. 91 .