[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Сполето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сполето
општина
Поглед на Сполето
Поглед на Сполето
ЗемјаИталија
РегионУмбрија
ПокраинаПеруџа (PG)
Управа
 • ГрадоначалникАндреа Систи
Површина
 • Вкупна349 км2 (135 ми2)
Надм. вис.&10000000000000396000000396 м
Население (31 December 2010)[1]
 • Вкупно38.283
 • Густина110/км2 (280/ми2)
ДемонимСполетини
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.06049
Повик. бр.0743
Светец-заштитникСан Понзијано
СлаваЈануари 14
Мреж. местоМатична страница

Сполето (италијански: Spoleto) е град во централна Италија. Градот е четврти по големина град во областа Перуџа во италијанската провинција Умбрија.

Природни одлики

[уреди | уреди извор]

Градот Сполето се наоѓа во централниот дел на Италија, во југоисточниот дел на Умбрија, на 60 километри од Перуџа. Градот се наоѓа на многу необично место, стрмна падина над која се издигаат централните Апенини.

Историја

[уреди | уреди извор]

Најраните траги за постоењето населба се од бронзеното време и се пронајдени на ридот Сант'Елија веднаш над денешниот град. Од крајот на 8 век п.н.е. Сполето бил најважниот центар во јужна Умбрија, за што сведочи некрополата на богатиот владетел Пјаца д'Арми.

Градот Сполетиум првпат бил споменат како колонија во 241 п.н.е. Во 217 п.н.е., Сполетиум бил нападнат од Ханибал, кој бил истеран од жителите. За време на Втората пунска војна, градот бил сојузник на Рим. За време на граѓанската војна страдал од војската на Гај Мари и Сула. Сула го освоил во 82 п.н.е. и оттогаш градот станал општина со постојан гарнизон. Во првиот век, Сполето станал центар на епархијата.

Емилијан, кој бил прогласен за император во Мизија од неговите војници, бил убиен овде во 253 година, непосредно пред почетокот на битката против неговиот соперник Валеријан. Темелите на епископското седиште во Сполето датираат од 4 век. За време на вандалската инвазија и готските војни, градот бил важно упориште.

За време на Ломбардите, Сполето станал главен град на независното Војводство Сполето (околу 570 година). Грофицата Матилда од Тоскана го припоила на своето војводство во 1079 година, како подарок од папата Григориј VII. година Во 1155 година, градот бил уништен од Фредерик I. Барбароса. Конечно, во 1213 г. градот бил освоен од папата Григориј IX. кој и го присвоил на Папската држава.

Во 1809 година, градот станал префектура (седиште на округот) на францускиот департман Тразимене. Тој бил освоен од италијански војници во 1860 година. 

Популација

[уреди | уреди извор]

Според резултатите од пописот на населението во 2011 година, во општината живееле 38.429 жители.[2]

Демографија
1931 1936 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
32 103 32 341 38 155 38 308 36 156 37 360 37 763 37 889 38 429

Денес, Сполето има околу 38.000 жители (четврт по големина град во областа), главно Италијанци . Во последните децении бројот на жители во градот стагнира.

Градови партнери

[уреди | уреди извор]
Базилика Сан Салваторе (Сполето)

Знаменитости

[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, УНЕСКО додал седум места на листата на светско наследство во Европа, што сведочи за главната улога на Ломбардите во духовниот и културниот развој на средновековното европско христијанство, особено поттикнувајќи го развојот на монаштвото. Во Сполето тоа е базиликата Сан Салваторе, ранохристијанска базилика од 4 - 5 век која Ломбардите ја обновиле и многу ја прошириле во 8 век.Тоа е трикорабна црква со тројно светилиште над кое се наоѓа октогонален свод , додека апсидата е полукружна и опкружена со две простории, така што однадвор имаат заеднички рамен ѕид. Фасадата со полуколони и три портали украсени со антички мотиви е зачувана во оригинална форма.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Population data from Istat
  2. „Statistiche I.Stat“. ISTAT. 28 декември 2012.