[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Тиси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тиси
Период: среден еоцен - денес,
44 мг - денес[1]
Илустрација на обична тиса
(Taxus baccata)
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Четинари
Семејство: Тиси
S.F. Gray
Родови

Тиси (науч. Taxaceae) — семејство четинари со седум рода со вкупно 30 вида.

Во Македонија е застапен само родот тиса (Taxus), и тоа со еден вид: обичната тиса (Taxus baccata), наречена само „тиса“. Вирее само ретко, како примес во буковите, буково-еловите и моликовите шуми.[2]

Ова се многуразгранети дрва и грмушки. Листовите се зимзелени и наизменично распоредени и често усукани при основата, па изгледаат како да се двојни. По облик се прави до копјести, со светлозелени или бели stomatal линии на опачината. Највеќето видови се еднополови, а двополовоста се среќава поретко. Машките шишарки се долги 2-5 мм и даваат полен на почетокот на пролетта. Женските шишарки се многу поедноставни, со само една заштитна лушпа со една семка. Со зреењето на семката, лушпата се претвора месеста семена обвивка (arilus) што делумно ја прекрива семката. Зрелата семена обвивка има силна боја и е мека, сочна и слатка. Потоа нејзе ја јадат птиците, кои ја разнесуваат семката во изметот без оштетувања. Меѓутоа, семката е многу опасна за човекот бидејќи ги содржи отровите таксин и таксол.[3]

Фамилијата ги опфаќа следниве 6 постоечки и два изумрени рода:

Изумрени се:

  • Diploporus
  • Sommerxylon
  1. Manchester, S.R. (1994). „Fruits and Seeds of the Middle Eocene Nut Beds Flora, Clarno Formation, Oregon“. Palaeontographica Americana. 58: 30-31.
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Тиса“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 1486. Text "series " ignored (help)
  3. Труење од тиса — Медицинска енциклопедија „MedLine Plus“ (англиски)
  • Anderson, E. & Owens, J. N. (2003). Analysing the reproductive biology of Taxus: should it be included in Coniferales? Acta Hort. 615: 233-234. (conclusion is 'yes')

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]