[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Камила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Камила
Едногрба камила (Camelus dromedarius)
A shaggy two-humped camel with some melted snow underfoot
Двогрба камила (Camelus bactrianus)
Научна класификација
Царство: Животни
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Камили
Род: Камила
Linnaeus, 1758
Видови

Camelus bactrianus
Camelus dromedarius
Camelus ferus
Camelus gigas (фосил)[1]
Camelus hesternus (фосил)[2][3]
Camelus sivalensis (фосил)[4]
Camelus moreli (фосил)

Распространетост на едногрбата камила

Ако коњот е најплеменитото животно кое човекот успеал на го припитоми, од номадска гледна точка камилата е секако најкорисната. Без неа пустината како населено место не би можела да се замисли. Камилата ги храни номадите, таа им е транспортно средство и предмет на размена. Мираз на младите невести, цена на крвот, добитак на коцкање (maysir), богатство на шеикот, се тоа се проценува со цената на камилата.

Таа е Бедуинов нераздвоен другар, неговото второ јас(alter ego), негов и татко и мајка. Тој го пие нејзиното млеко наместо вода ( коју ја штеди за стоката), тој се гости со нејзиното месо,се покрива со нејзината кожа, си прави себеси шатор од нејзиното влакно. Нејзиното ѓубре тој го употребува заогрев,а урината како средствова зајакнување на кожата и како лек. За него камилата е нешто повеќе од »пустински брод«; таа е особен дар на Алах(исп. Коран, 16 : 5—8). Да го цитирам необично јакиот израз на Шпренгер (Sprenger): »Бедуинот е камилов паразит.«

Денешните Бедуини уживаат кога се ѕборува за нив како за ahl al-ba'îr, народ на камилата. Мусил вели дека нема скоро ниеден член во племето Рувала кој не пиел во некоја прилика вода од бурагот на камилата. Во случај ан нужда или старата камила се убива или и се става стап низ грло како би се предизвикало повраѓање на водата. Ако камилата се напила воде пред ден или два дана, течноста се пие. Улогата која камилата ја одиграла во економијата на арапскиот живот најдобро покажува фактот кој говори дека арапскиот јазик поседува близу илјада називи за бројни сорти и степене на возраста на камилата, а со тој број може да се натпреварува едиствено само синонимите кои се употребуваат за зборотмеч. Арапската камила е во состојба без воде во зима патува дури дваесет и пет, а во лето по пет денови.

Камилата била еден од факторите кои ги овозможила раните исламски освојувања, бидејќи на своите господари им осигурала поголема подвижност од таа што ја имале „неподвижните народи„ а со тоа и предност над истите. За калифот Омар се говори дека рекол: »Арапот има успех само таму каде што е камилата.« Арапскиот полуостров останува главен одгледувачки центар на камили во светот. Коњите Наџда, мајмуните Хаса и камилите Омана уживаат светски глас. Во минатото ловот на бисери во Оман во областа на Персискиот Залив, рудниците на сол во некои реони и индустријата на камили биле најголемиот доход на земјата.

Камилата од северозападна Арабија, како и коњот, кој е по потекло американско животно, донесена во Палестина и Сирија кога била инвазијата на мидијанците во XI век п.н.е., (Књ. суд. 6 : 5, исп. Пост. 24 : 64) изгледа дека се првите пишани извори за распространетоста на употребата на овие животни. Во Египет дошла со асирското освајување во седмиот век пне., а во северна Африка со исламската инвазија во седмиот век од нашата ера. Освен во Африка и Блискиот Исток, камилите виреат и во Кина и Монголија, односно во пустината Гоби. Разликата е во тоа што овие се двогрби.

Камилата како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Камилата се јавува како тема во делата од областа на уметноста и популарната култура, како:

  • „Пошла прва камила, пошла втора камила“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски.[5]
  • „Тоа мора да е камила“ (англиски: It Must Be A Camel) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа од 1969 година.[6]
  • „Тажна камила“ (англиски: Blue camel) — композиција на либанскиот музичар Раби Абу Халил.[7]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Camelus gigas“. ZipcodeZoo. BayScience Foundation, Inc. Посетено на 7 December 2012.
  2. Worboys, Graeme L.; Francis, Wendy L.; Lockwood, Michael (30 March 2010). Connectivity Conservation Management: A Global Guide. Earthscan. стр. 142. ISBN 9781844076048.
  3. MacPhee, Ross D. E.; Sues, Hans-Dieter (30 June 1999). Extinctions in Near Time: Causes, Contexts, and Consequences. Springer. стр. 18, 20, 26. ISBN 9780306460920.
  4. Falconer, Hugh (1868). Palæontological Memoirs and Notes of the Late Hugh Falconer: Fauna antiqua sivalensis. R. Hardwicke. стр. 231.
  5. Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 27-29.
  6. Frank Zappa – Hot Rats (пристапено на 28.11.2023)
  7. YouTube, Rabih Abou Khalil - Blue camel (пристапено на 20.2.2017)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]