[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Антиохија

Координати: 36°12′17″N 36°10′54″E / 36.20472° СГШ; 36.18167° ИГД / 36.20472; 36.18167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Антиохија
Ἀντιόχεια ἡ ἐπὶ Ὀρόντου Предлошка:Grc
Карта на Антиохија во римско и рановизантиско време
Друг називАнтиохија Сириска
МестоАнтакија, Турција
Координати36°12′17″N 36°10′54″E / 36.20472° СГШ; 36.18167° ИГД / 36.20472; 36.18167
Видград
Површина15 км2
Историја
ГрадителСелевк I Победникот
Изграденo300 п.н.е.
Раздобјестаромакедонски период до среден век
КултуриГрци, Римјани, Ерменци, Арапи, Турци
НастаниПрва крстоносна војна
Белешки за наоѓалиштето
Ископување1932–1939
Состојбапретежно потрупана

Антиохија (полн назив: Антиохија на Оронт; грчки: Αντιόχεια η επί Δάφνη, Αντιόχεια ή επί Ορόντου или Αντιόχεια η Μεγάλη; латински: Antiochia ad Orontem; арапски: انتاكيّة; турски: Antakya) е древен град кој се наоѓа на Блискиот Исток, 30 километри од морето на левата страна од реката Оронт.

Градот бил основан во 300 п.н.е. од Селевк I Никатор со името Антиохија. Овој град бил престолнина на Селевкидското царство до 64 п.н.е., кога бил преземен од страна на Римјаните и станал центар на провинцијата Сирија. Во рамките на Римското Царство тој е третиот по големина град по Рим и Александрија. Антиохија е важен центар на христијанството, седиште на една од првите четири патријаршии. Значењето на градот се намалило кога бил разрушен од страна на египетскиот султан Баибарс I.

Историја

[уреди | уреди извор]

Христијанство

[уреди | уреди извор]

Повеќемина истражувачи сметаат дека во Антиохија се случил еден фундаментален настан поврзан со христијанството, а тоа е пишувањето на Евангелието по Матеј.

Познато е дека во Антиохија прво се христијанизирале паганите.

Во „Дела на светите апостоли“ (11,25-26), за присуството на Апостол Павле и Апостол Варнава во Антиохија, пишува: „Во Антиохија, учениците, и тоа за првпат, беа наречени христијани“.

Во времето кога христијанската црква била прогласена како државна во Римското Царство, Антиохиската станала една од петте рани епископии познат како Пентархија.

Во времето на Крстоносните војни, градот станал седиште на Кнежевство Антиохија. Опсадата на градот траела во периодот од 21 октомври 1097 до 3 јуни 1098 година. Кнежевството опстојувало до 1268 година.