[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

The Temptations

Од Википедија — слободната енциклопедија
The Temptations
"Класичната петорка" на Temptations во 1967.
Животописни податоци
Познат(а) и какоThe Elgins, The Pirates
ПотеклоДетроит, САД
Жанрови
Период на активност1960–денес
Издавачи
Мреж. местоtemptationsofficial.com

The Temptations ― американска вокална група од Детроит која со Motown Records во текот на 1960-тите до средината на 1970-тите објавила низа успешни синглови и албуми. Групата била пионер на психоделичниот соул и имала значајна улога во еволуцијата на R&B и соул музиката.[2] Групата продала десетици милиони албуми и се меѓу најуспешните групи во забавната музика.[3] [4] [5]

Досега, Temptations објавиле четири синглови кои се искачиле на врвот на Billboard Hot 100 и четиринаесет синглови на прво место на R&B топ-листата. Добиле четири Греми награди. The Temptations биле први изведувачи од Motown кои освоиле Греми награда (за „Cloud Nine“ од 1969 година)[6] а во 2013 година добиле Греми награда за животно дело. Шест члена на Temptations (Едвардс, Френклин, Кендрикс, Рафин, Отис Вилијамс и Пол Вилијамс) биле примени во Куќата на славните на рокенролот во 1989 година. Три класични песни на Temptations, „My Girl“, „Just My Imagination (Running Away with Me)“ и „Papa Was a Rollin' Stone“, се наоѓаат на списокот од 500-те песни кои го обликуваа рокенролот објавен од Куќата на славните на рокенролот. Rolling Stone ги ставил The Temptations на 68-мо место на списокот од 100 најдобри музичари на сите времиња.

Во 2023 година, списанието Billboard ги ставило Temptations на прво место на списокот од 100 најдобри R&B/Hip-Hop изведувачи на сите времиња.[7]

Во 2024, Temptations и понатаму се активни со основачот Отис Вилијамс во нивен состав (Вилијамс ги поседува правата на името Temptations).

Историја

[уреди | уреди извор]

Класична петорка

[уреди | уреди извор]

The Temptations се основани во 1960 година во Детроит (Мичиген) како вокален квинтет. Првото име за новата група во која членувале: Отис Вилијамс, Мелвин Френклин, Елбриџ „Ал“ Брајант, Еди Кендрикс и Пол Вилијамс било Elgins. Под тоа име, групата учествувала на аудиција за Motown во март 1961 година. Импресиониран од некои од членовите по аудицијата, Бери Горди се согласил да потпише договор со групата. Сепак, пред да го потпише договорот, Горди открил дека друга група го користи истото име. Temptations било прифатено како ново име на групата.[8]

Првата постава на групата (Отис Вилијамс, Мелвин Френклин, Пол Вилијамс, Еди Кендрикс и Дејвид Рафин) во подоцнежните години често била нарекувана „Класична петорка“. На крајот од 1963 година, Елбриџ Брајант бил „исфрлен“ од групата и бил заменет со Дејвид Рафин. Со помош на продуцентот и текстописец Смоки Робинсон, кој и самиот бил ѕвезда на Мотаун, The Temptations снимиле низа хитови како: The Way You Do the Things You Do (1964), My Girl (1964/65), Ain’t Too Proud to Beg, Beauty Is Only Skin Deep, (I Know) I’m Losing You (1966), You’re My Everything (1967) и I Wish It Would Rain (1968).[9]

Од 1965 до 1969 година, Temptations имале десет последователни албуми на првото место на американската R&B топ-листа. Вкупно 17 нивни албуми се искачиле на врвот на таа листа. На крајот од 1990-тите, Temptations биле наведени како најуспешни R&B уметници во светот.[10]

Норман Витфилд побарал можност да пишува песни за групата. Во 1966 година, Бери Горди му ветил дека ако песната на Робинсон „Get Ready“ не се пласира во топ-20, ќе му дозволи на Витфилд да ја продуцира нивната следна песна. „Get Ready“ не се пласирала во топ-20, а Горди ја издал песната „Ain't Too Proud to Beg“ продуцирана од Витфилд како следен сингл на Temptations. „Ain't Too Proud to Beg“ ја надминала „Get Ready“ на топ-листите на Билборд, а Витфилд стана нов главен продуцент на Temptations. Тој почнал да го менува стилот на групата од пеење поп-соул балади во мешавина од психоделични фанк елементи и соул-рок звук кој потсетува на Џејмс Браун.

Психоделичен соул

[уреди | уреди извор]
The Temptations настапуваат во Шоуто Ед Саливан во септември 1969 година. Од лево кон десно: Отис Вилијамс, Мелвин Френклин, Еди Кендрикс, Пол Вилијамс и Денис Едвардс.

Во 1968 година, Рафин бил заменет со Денис Едвардс. Приклучувањето на Денис Едвардс на The Temptations се совпаднало со усвојувањето на новиот звук на групата од страна на продуцентот Норман Витфилд, а есента 1968 година, Витфилд започнал да продуцира психоделичен материјал за Temptations, првенствено изведен од звукот на фанк групите Sly & the Family Stone и Funkadelic. Овој нов стил, кој дебитирал со хит-синглот на Топ 10 „Cloud Nine“ во октомври 1968 година, било значително отстапување од баладите од ерата на Дејвид Рафин. Во 1969 година „Cloud Nine“ освоил Греми награда за најдобра ар-ен-би изведба од вокална група; ова било прва Греми награда за Motown воопшто. Со I Can't Get Next to You (1970), Just My Imagination (Running Away with Me) (1971) и Papa Was a Rollin' Stone (1972), Temptations се надоврзале на претходните големи хитови и го достигнале врвот на нивната популарност.

Еди Кендрикс и Пол Вилијамс

[уреди | уреди извор]

Пол Вилијамс, кој боледувал од српеста анемија, паднал во депресија поради стресот од турнеите и личните проблеми.Кон крајот на 1960-тите, тој станал алкохоличар. Неговото физичко и ментално здравје нагло се влошувало, а тоа ги отежнувало нивните настапи. Вилијамс почнал да патува со цистерни со кислород,[11] а останатите четири члена на Temptations се труделе да го одвратат од алкохолизмот.[11]

Еди Кендрикс се дистанцирал од групата по отпуштањето на Дејвид Рафин. Имало чести тепачки со Отис Вилијамс и Мелвин Френклин, кои често станувале насилни, а покрај тоа, тој ги претпочитал баладите и му било непријатно со психоделичниот соул-материјал кој сега го изведувала групата.

Кендрикс во 1970 година сакал the Temptations да стапат во „штрајк“ – без настапи, без снимки – додека Бери Горди и персоналот од Мотаун не ги надминат финансиските проблеми на групата со независни сметководители.[12] Отис Вилијамс и Френклин жестоко се спротивставиле на оваа идеја, а редовните групни тепачки меѓу Кендрикс, Отис Вилијамс и Френклин произлегле од ова несогласување.[12] По настапот на Копакабана во ноември 1970 година, последната конфронтација меѓу тројцата била причина Кендрикс да ја напушти групата меѓу концертите и никогаш да не се врати.

Неколку недели подоцна, Пол Вилијамс ги напуштил Temptations од здравствени причини.[13] Откако Вилијамс доволно се опоравил, снимил две страни од соло-сингл во 1973 година. Сепак, на 17 август 1973 година, Вилијамс извршил самоубиство.

Рани 1970-ти/фанк години

[уреди | уреди извор]

Во мај 1971 година, Temptations конечно нашле трајна замена за првата тенорска позиција во дваесетгодишниот Дејмон Харис, роден во Балтимор. Отис Вилијамс, Едвардс, Френклин, Стрит и Харис продолжиле да снимаат и настапуваат, а Норман Витфилд продолжил да продуцира хитови за нив.

Кон крајот на 1972 година била објавена песната „Papa Was a Rollin' Stone“, магнум опус напишан од Норман Витфилд и Барет Стронг и продуциран од Витфилд. Изменетата седумминутна верзија била објавена како сингл и станал еден од најдолгите хит синглови во историјата на музиката: стигнала до прво место на поп-листите и 5-то место на ар-ен-би-листите. Во 1973 година, за „Papa Was a Rollin' Stone“ Temptations ја освоиле нивната втора Греми награда за најдобра R&B изведба од група. Витфилд и аранжерот/диригентот Пол Рајзер ја освоиле наградата за најдобра ар-ен-би инструментална изведба за инструменталната верзија на Б-страната, а Витфилд и Барет Стронг освоиле Греми за најдобра ар-ен-би песна.

Во 1973 имало тензии меѓу Витфилд и групата; тие го сметале Витфилд за арогантен и тежок за работа. Отис Вилијамс се пожалил на Витфилд и за намалената продажба на групата кај Бери Горди; како резултат на тоа за нов продуцент на групата бил повторно назначен на Џефри Боуен, копродуцент на албумот In a Mellow Mood од 1967 година.[14]

Последниот албум на Temptations, продуциран од Норман Витфилд, 1990, бил издаден во декември 1973 година. Веднаш потоа, Витфилд ја напуштил Мотаун.

1975 - денес

[уреди | уреди извор]

Првото продолжено издание на Боуен со Temptations било A Song for You објавено во јануари 1975 година. Дејмон Харис бил отпуштен од групата за време на снимањето на A Song for You, бидејќи неговото однесување и работна етика биле оценети како непрофесионални,[15] а негова замена бил Глен Леонард, поранешен член на Unifics.[16] A Song for You бил нивен последен број еден албум.

Многу продуценти, вклучувајќи ги Боуен, Брајан Холанд, Џејмс Ентони Кармајкл, па дури и самите Temptations се обиделе да продуцираат хитови за следните три ЛП, House Party (ноември 1975), Wings of Love (март 1976) и The Temptations Do the Temptations (август 1976 година). Но, ниту едно од овие изданија не било комерцијално успешна како „A Song for You“, и ниту еден од нивните синглови не се пласирал на топ листите од Билборд.[17]

Во 1982 година, Еди Кендрикс и Дејвид Рафин се согласиле повторно да се приклучат на групата за новиот албум, под наслов Reunion, и неговата промотивна турнеја.

Во тоа време, изданијата на Temptations веќе не котирале добро на поп-листите, но некои синглови сè уште се пласирале во Топ 20 на R&B топ-листата. Power (1980), Treat Her Like a Lady (1984) и Lady Soul (1986) биле нивни успешни R&B хитови.

Во 1998 година, била објавена четиричасовна телевизиска минисерија базирана на автобиографијата од Отис Вилијамс. Минисеријата била емитувана во два дела, при што првиот дел ја покрива историјата на групата од 1958 до 1968 година, а вториот дел за годините од 1968 до 1995 година.[18] Минисеријата била номинирана за пет награди Еми, а Алан Аркуш ја добил наградата за најдобра режија.[19]

Во 1999 година, The Temptations биле примени во Куќата на славата на вокалните групи. Во 2001 година, за нивниот албум од 2000 година Ear-Resistible ја освоиле третата Греми награда, овој пат за најдобра традиционална R&B вокална изведба. Бо Хендерсон бил отпуштен од групата во 2003 година.[20]

Последниот албум на групата со Motown, Legacy, бил објавен во 2004 година. Подоцна истата година, Temptations побарале да бидат ослободени од нивниот договор со Motown и се преселиле во друга издавачка куќа.

На 9 февруари 2013 година The Temptations добиле Греми награда за животно дело.[21]

Групата е сè уште активна со настапи во живо.

Дискографија

[уреди | уреди извор]
Студиски албуми 
  • Meet the Temptations (1964)
  • The Temptations Sing Smokey (1965)
  • The Temptin' Temptations (1965)
  • Gettin' Ready (1966)
  • The Temptations with a Lot o' Soul (1967)
  • The Temptations in a Mellow Mood (1967)
  • The Temptations Wish It Would Rain (1968)
  • Diana Ross & the Supremes Join The Temptations (with Diana Ross & The Supremes) (1968)
  • Cloud Nine (1969)
  • Together (with Diana Ross & The Supremes) (1969)
  • Puzzle People (1969)
  • Psychedelic Shack (1970)
  • Sky's the Limit (1971)
  • Solid Rock (1972)
  • All Directions (1972)
  • Masterpiece (1973)
  • 1990 (1973)
  • A Song for You (1975)
  • House Party (1975)
  • Wings of Love (1976)
  • The Temptations Do the Temptations (1976)
  • Hear to Tempt You (1977)
  • Bare Back (1978)
  • Power (1980)
  • The Temptations (1981)
  • Reunion (1982)
  • Surface Thrills (1983)
  • Back to Basics (1983)
  • Truly for You (1984)
  • Touch Me (1985)
  • To Be Continued (1986)
  • Together Again (1987)
  • Special (1989)
  • Milestone (1991)
  • For Lovers Only (1995)
  • Phoenix Rising (1998)
  • Ear-Resistible (2000)
  • Awesome (2001)
  • Legacy (2004)
  • Reflections (2006)
  • Back to Front (2007)
  • Still Here (2010)
  • All the Time (2018)
  • Temptations 60 (2022)
  1. All Music Guide to Soul: The Definitive Guide to R&B and Soul 2003. Backbeat Books. 2003. стр. 566. ISBN 9780879307448. progressive soul of The Temptations
  2. Graff, Gary (August 29, 1988).
  3. (2005).
  4. (2003).
  5. (2005) Ankeny, Jason.
  6. Ribowsky (2010), p. 197.
  7. „Greatest of All Time Top R&B/Hip-Hop Artists“. Billboard.
  8. Uitti, Jacob (June 14, 2023). „Behind the Iconic Band Name: The Temptations“. American Songwriter. Посетено на June 17, 2023.
  9. Joel Whitburn: Top R&B Singles 1942-1995, 1996, страни 437–8, ISBN 0-89820-115-2
  10. Joel Whitburn: Top R&B Albums 1965-1998, 1999, страна 202–3, ISBN 0-89820-115-2
  11. 11,0 11,1 Ribowsky (2010), pp. 165, 212, 217–222.
  12. 12,0 12,1 Ribowsky (2010), pp. 213–216, 219–221.
  13. Ribowsky (2010), p. 227.
  14. Williams and Romanowski (2002), pp. 161–166.
  15. Williams and Romanowski (2002), pp. 170–171.
  16. Williams and Romanowski (2002), p. 172.
  17. Williams and Romanowski (2002), pp. 249, 259.
  18. Zurawick, David (October 31, 1998).
  19. Williams and Romanowski, pp. 236–239.
  20. „Welcome to Glicker & Associates“. Glickerlaw.com. Архивирано од изворникот на October 2, 2008. Посетено на November 8, 2008.
  21. Grammy.com. "The Recording Academy Announces 2013 Special Merit Awards Recipients: Alan and Marilyn Bergman, Charlie Haden, Carole King, Royer Labs, Ravi Shankar, and The Temptations Among Class of 2013 Special Merit Awards Recipients". Соопштение за печат.

Општа библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Џорџ, Нелсон (1994). „Кул како што сакаат да бидат“. The Temptations: Emperors of Soul (ЦД-кутија). Њујорк: Motown Record Co., LP
  • Џорџ, Нелсон (1985, rev. 2003). Каде отиде нашата љубов: Подемот и падот на Мотаун . Лондон: Omnibus Press.ISBN 0-7119-9511-7ISBN 0-7119-9511-7 .
  • Познер, Џералд (2002). Мотаун : Музика, пари, секс и моќ . Њујорк: Рандом Хаус.ISBN 0-375-50062-6ISBN 0-375-50062-6 .
  • Рибовски, Марк (2010). Не сум премногу горд за да молам: Проблематичните животи и истрајната душа на искушенијата . Хобокен, Њу Џерси: Џон Вајли и синови.ISBN 978-0-470-26117-0ISBN 978-0-470-26117-0 .
  • Вајнгер, Хари (1994). „Сонце на облачен ден“. The Temptations: Emperors of Soul (ЦД кутија). Њујорк: Motown Record Co., LP
  • Вилијамс, Отис и Романовски, Патриша (1988, ажурирано 2002 година). Искушенија . Ланам, MD: Купер плоштад.ISBN 0-8154-1218-5ISBN 0-8154-1218-5 .

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]