[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

SIP

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петте нивоа на TCP/IP моделот
5. Применето ниво (Application layer)

DHCP • FTP • IMAP4 • POP3 • SIP • SMTP • SSH • BGP •

4. Преносно ниво

UDP • TCP • DCCP • SCTP • RSVP • ECN

3. Мрежно ниво

IP (IPv4 • IPv6) • ICMP • IGMP • RSVP • IPsec

2. Податочно ниво

ATM • DTM • Ethernet • FDDI • Frame Relay • GPRS • PPP • ARP • RARP • L2TP • PPTP

1. Физичко ниво

Етернет • ISDN • Модеми • PLC • SONET/SDH • G.709 • Wi-Fi •

Пример за размена на SIP пораки меѓу двајца корисници, Алис и Боб, за воспоставување и завршување на директна медиумска сесија.

Session Initiation Protocol (SIP) е протокол на апликациско ниво за создавање, модифицирање и терминирање на сесии со еден или повеќе учесници. Овие сесии вклучуваат Интернет телефонски повици, мултимедијална дистрибуција и мултимедијална конференција. (cit. RFC 3261).

Овој протокол бил дизајниран од страна на Henning Schulzrinne (Универзитет Колумбија) и Mark Handley (UCL) некаде на почетокот од 1996 година. Последната верзија на спецификацијата на овој протокол е публикувана во RFC 3261 од страна на IETF SIP Working Group. Во ноември 2000, SIP протоколот беше прифатен како 3GPP сигнален протокол и главен елемент на IMS архитектурата. SIP протоколот често се кореисти како сигнален протокол за Voice over IP, заедно со H.323 протоколот и слични на него.

SIP ги има следниве својства:

  • Едноставен, има само шест методи.
  • Транспортно независен, може да се користи со UDP, TCP, ATM и сл.
  • едноставни текстуални пораки, кои може лесно да се прочитаат.