S/2009 S 1
Изглед
S/2009 S 1 — мала внатрешна месечина на Сатурн којшто орбитира на растојание од 117.000 километри, во надворешниот дел на прстенот Б, со приближен пречник од 400 метри.[1] Бил откриен од страна на тимот за обработка на слики од мисијата Касини на 26 јули 2009 година. Месечината била забележана за време на рамноденицата во 2009 година кога сенка долга 36 километри паднала над прстенот Б. S/2009 S 1 се наоѓа околу 150 метри над прстенот.[2] Фотографијата е сликана на околу 296.000 километри од Сатурн.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]
|