[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Rated R

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Од Википедија — слободната енциклопедија
„Rated R“
Студиски албум од Ријана
Издаден20 ноември 2009
Снименмарт–ноември 2009
Milk Studios, Germano Studios
(Менхетен, Њујорк)
Metropolis Studios
(Лондон)
Studios Davout
(Париз)
Paper V.U. Studios, Westlake Recording Studios
(Лос Анџелес)
ЖанрR&B, поп
Траење51:50
Издавачка куќаDef Jam
Ријана — Хронологија
Good Girl Gone Bad
(2007)
Rated R
(2009)
Loud
(2010)
Издадени песни од Rated R
  1. "Russian Roulette"
    Издадена: 3 ноември 2009
  2. "Hard"
    Издадена: 19 јануари 2010
  3. "Rude Boy"
    Издадена: 19 февруари 2010
  4. "Rockstar 101"
    Издадена: 21 мај 2010
  5. "Te Amo"
    Издадена: 11 јуни 2010

Rated R е четвртиот студиски албум на барбадоската Р&Б и поп пејачка Ријана, издаден на 20 ноември 2009. Првата песна од албумот е „Russian Roulette“, напишана е од страна на Не-Јо и самата Ријана. Песната била издадена на 20 октомври 2009.[1][2][3] Албумот бил продаден во 181.442 примероци во првата седмица по неговото издавање во САД, што претставува најпродавана седмица на некој албум на Ријана. Ова е првиот албум на Ријана со предупредувачки наслов, а за кој е потребен родителски надзор. Сепак, во Велика Британија била издадена верзија без предупредуање за родителски надзор. Од своето издавање, албумот добил златно признание во Велика Британија, Австралија и Полска.

Претходниот албум на Ријана Good Girl Gone Bad (2007) беше најголемиот комерцијален успех за самата пејачка и го достигна врвот во повеќе земји во свет.[4] Албумот се состои од пет топ 10 американски хитови вклучувајќи го и меѓународниот успешен сингл „Umbrella“.

Во февруари 2009 Ријана беше на списокот на изведувачи на 51. Греми награди, но нејзиниот настап беше одложен.[5][6] Таа беше натепана од страна на нејзиниот поранешен приватен партнер, Р&Б изведувачот Крис Браун кој беше притворен поради тоа и осуден.[7] Фотографија од Ријана по овој немил настан излезе во сите списанија и на сите мрежни места преку TMZ.com. Подоцна во 2009 година, таа се врати на музичата сцена со песната „Run This Town“, која таа ја изведува со хип-хоп изведувачите Џеј-Зи и Кање Вест. Песната стана доста успешна на северноамериканскиот континент и во Европа. По оваа песна, таа продолжи со снимањето на нови песни, односно со создавањето на нејзиниот нов албум Rated R.

Концепт и снимање

[уреди | уреди извор]

На почетокот од 2009, Ријана се посвети на снимањето на нови песни за нејзиниот нов албум. Таа соработуваше со неколку автори и продуценти, како Чејс&Статус, Чак Хармони,[2] Џастин Тимберлејк[8] и Не-Јо[1]. Во раната фаза на создавање на албумот, Ријана соработуваше со норвешкиот продуцентски и авторски тим Stargate. Во март 2009, таа ја започна и нејзината соработа со Адонис Шросфир,[9][10] кој дал прогноза дека албумот ќе биде вистински успех.

Ријана сними дел од песните во летниот период, заедно со Чак Хармони и Не-Јо.[2] Таа исто така зазеде улога и во пишувањето на песните заедно со Не-Јо. Тие работеле заедно на неколку песни, иако Не-Јо не знаел точно кои песни ќе бидат вклучени во албумот.[11] Додека работеле заедно, тој почувствувал дека Ријана не е истата девојка со која што работел пред неколку години и сметал дека таа треба да биде малку поопуштена.[11] За разлика од другите албуми во овој албум Ријана сакала „темни“ песни, кои имаат некое значење.[12] Хермони изјавил дека тој „сака нејзе да ѝ посвети филм“, а не „песна од три минути“. Не-Јо и Хермони сметале дека пробната песна треба да биде нешто потемно, поостро и поморбидно.[2] Откако Ријана ја слушнала песната воочила дека и мелодично и лирично ѝ се допаѓа. Таа му се јавила на Не-Јо по телефон за да му каже дека оваа песна е најдобра од сите останати од албумот.[2]

Ријана продолжи со подготвувањето на албумот во соработка со продуцентското дуо Чејс&Статус. Имено, откако ја слушнала песната „Saxon“, која била компонирана од нивна страна, Ријана стапила во контакт со Чејс&Статус и им дала до знаење дека сака да работи со нив затоа што го сака чувството на тапаните и сака нешто слично за нејзиниот албум.[13] Тие имале неколку сесии со Ријана и работеле неколку седмици заедно.[13] Во октомрви 2009, Ријана ја започна соработката со Трики Стјуарт и The-Dream. Во интервју за MTV, таа исто така споменала и дека работи со нов композитор, познат под псевдонимот RJ.[14] Иако Стјуарт изјавил дека е многу задоволен од единствената песна која ја сработиле со The-Dream за албумот на Ријана,[15] The-Dream подоцна изјавил за MTV дека тој всушност направил две песни за албумот: „Hard“ и „Rockstar 101“[16]. Слеш свирел на гитара во песната „Rockstar 101“, а Истер Дин помогнал во пишувањето на песната „Rude Boy“.[17]

На 8 октомври 2009, Ријана се сликаше во Берлин, разголена, облечена во костум и во бела бунда.[18][19] За сликите се мислеше дека ќе бидат на предниот дел од омотот на албумот или во брошурата.[19] Сликата за албумот беше сликана и преработена од страна на модниот фотограф Елен фон Унверт кој во истата прилика изјави:

„Ријана сака да создаде нешто малку поинакво кога станува збор за изгледот на албумот“.[20]

Фон Унверт кој исто така има работено на омотите за албумите The Velvet Rope на Џенет Џексон (1997), Back to Basics на Кристина Агилера (2006) и Blackout (2007) на Бритни Спирс (2007)[21], продолжил со својата изјава и рекол дека Ријана била заинтересирана за секој дел од омотот и била подготвена „да ги премине границите“[20]. Омотот на албумот беше издаден на 27 октомври 2009 и на него е Ријана во црно-бела верзија. Црно-белата верзија и стилот на Ријана е споредуван со стилот на Грејс Џонс во 1980-тите.[21]

Издавање и промоција

[уреди | уреди извор]

Албумот беше издаден на 23 ноември 2009, во Северна Америка и Велика Британија.[22][23] На 15 октомври 2009, Ријана даде графичка изјава на нејзиното мрежно место, каде што пишуваше:

"The Wait is Ova. Nov 23 09".[24][25]

Истата седмица, на страната се појави и часовник кој го пребројуваше издавањето на албумот. Првата песна од албумот беше издадена на 20 октомври 2009.[26][27] На 29 ноември 2009, Ријана учествуваше како специјален гостин во британската емисијата The X Factor за да го промовира албумот.

Russian Roulette“ - издавањето на првата песна беше како официјален сингл беше на 20 котмбри 2009 на светско ниво, 3 ноември 2009 во САД и на 23 ноември 2009 во Велика Британија. „Russian Roulette“ за првпат се појави на Billboard Hot 100 на 101. место, а подоцна стигна на 9. место, со што стана дванаесеттата песна на Ријана, која била меѓу првите 10 во нејзината кариера.[28] Песната, исто така, зазеде место меѓу првите 10 и на 8 руги списоци, меѓу кои забележиетелно е првото место на норвешкиот список на песни.

Hard“ - втората официјална песна од албумот беше издадена на 10 ноември 2009 во САД на радио станицата Urban and Rhythmic. Песната, во која свој дел има и Young Jeezy, беше испратена до Hot 97 од страна на Def Jam на 2 ноември 2009. Илустрацијата беше издадена на 10 ноември 2009.[29] Песната го зазеде 12. место на Billboard Hot R&B/Hip-Hop, додека песната сè уште не беше официјално издадена.

Wait Your Turn“ - оваа песна беше претставена на радио станиците во Европа на 7 ноември 2009, како промо сингл. Видеото за песната беше промовирано на 3 ноември 2009, на официјалното мрежно место на Ријана.

Rude Boy“ ќе биде издадена како официјална втора песна од албумот во Велика Британија.

На 3 декември 2009, за MTV News, Ријана потврди дека влезниците за нејзината претстојна турнеја во 2010, ќе бидат пуштени во продажба до крајот на 2009. Помпово претставувањето на видео записот за песната „Hard“, за MTV, таа изјави:

„Ќе одиме на турнеја на пролет и влезниците ќе бидат во препродажва во рок од неколку седмици. Тоа ќе биде светска турнеја, што значи дека ќе биде многу долго. Дефинитивно ќе бидеме во Вашиот град, па затоа очекувајте нè.“[30]

Комерцијален успех

[уреди | уреди извор]

Во САД, Rated R се појави, заземајќи го четвртото место на Billboard 200, со продажба од 181.000 примероци во првата седмица по издавањето, надминувајќи го успехот од продажбата во првата седмица на претходниот албум на Ријана, Good Girl Gone Bad, кој се продаде во 168.000 примероци[31]. Како резултат на ова, албумот стана четвртиот најпродаван албум во земјата и еден од ретките, кој уште со своето појавување зазел висока позиција. На 29 ноември 2009, албумот се појави, заземајќи го шеснаесеттото место на UK Singles Chart, со што му беше доделено златно признание за само пет дена[32]. Албумот го задеде чевртото место и на престижниот список, објавен од UK R&B. И покрај тоа што го зазеде петнаесеттото место во Австралија, албумот доби златно признание, уште во втората седмица по издавањето.

Критички успех

[уреди | уреди извор]

Откако беше издаден, албумот Rated R доби позитивни критики од повеќе музички критичари, кои беа оценети со вкупен резултат 78/100 од страна на Metacritic.[33]. Новинарот на Entertainment Weekly Лих Гринблет му даде на албумот оценка Б и го нарече „суров, често неодреден портрет на уметникот кој всушност не е повеќе девојка воопшто“[34]. Новинарот на Chicago Tribune Грег Кот го оцени албумот со 3½ од 4 ѕвезди и го нарече „силна и напредувачка уметност“[35]. Џим Де Рогатис од Chicago Sun-Times, исто така се изјасни во корист на Ријана. Всушност тој позитивно ја критикуваше зрелоста која Ријана ја покажала со овој албум и го нарекол нејзиниот „најдобар, најслоевит и најголем напор“, давајќи му 3 од 4 ѕвезди[36]. Алиб Мелон од NME му даде рејтинг 8/10 и го опиша како „почетнички цврст материјал во звук и однесување“[37]. Новинарот од The Times Ед Потон сподели слично чувство и даде 4 од 5 ѕвезди, споделувајќи со јавноста дека според него ова е најдобриот снимен материјал кој Ријана досега го издала[38]. И покрај тоа што за албумот нашиша дека е „албум со биографска поврзаност“, Tiny Mix Tapes на албумот му даде 3½ од 5 ѕвезди и го нарече „подобар од просечен поп албум“[39]. Новинарот од Los Angeles Times Ен Пауерс ја пофали изведбата на Ријана и му даде на албумот 4 од 4 ѕвезди нарекувајќи го „комлексен и фасцинантен портрет на емоциноналниот процес на млада жена после издржано злоупотребување“[40]. The Boston Globe на Сара Родман даде во суштина задоволувачка критика на албумот и го нарече „интересен сплет на неколку настани, вклучувајќи ја и еволуцијата на Ријана како изведувач и слевањето на таблоид културата и поп уметноста.[41]

И покрај тоа што Ријана за овој албум доби пофалба за нејзиниот вокал, Алексис Петридис од The Guardianна албумот му даде 3 од 5 ѕвезди и го разгледа како текстуална алузија за нападот кој Крис Браун го изврши кон неа како слабост.

Список на песни

[уреди | уреди извор]
# Наслов Автор/и Продуцент/и Времетраење
1 „Mad House“ Мекеба Ридик, Вил Кенерд, Сол Милтон, Робин Фенти Чејс & Статус 1:34
2 Wait Your Turn Џејмс Фонтлерој II, М.С. Ериксен, Т.Е. Хермансен, Вил Кенерд, Сол Милтон, Т. Тендаји, Робин Фенти, Stargate, Чејс & Статус 3:46
3 Hard(со Young Jeezy) Териус Неш, Кристофер Стјуарт, Робин Фенти, Џеј Џенкинс The-Dream, Трики Стјуарт 4:10
4 „Stupid in Love“ Шафер Смит, М.С. Ериксен, Т.С. Хермансен StarGate 4:01
5 „RockStar 101“ (со Слеш) Териус Неш, Кристофер Стјуарт, Робин Фенти The-Dream, Трики Стјуарт 3:59
6 Russian Roulette Шафер Смит, Чарлс Хермон Чак Хермони 3:47
7 „Fire Bomb“ Џејмс Фонтлерој II, Брајан Кенеди, Робин Фенти Чак Хермони 4:18
8 „Rude Boy“ М.С. Ериксен, Т.С. Хермансен, Истер Дин, Мекеба Ридик, Роберт Свир, Робин Фенти StarGate 3:43
9 „Photographs“ <small (со will.i.am) Вилијам Адамс, Џин Баптист, Мајкл Мкхенри, will.i.am 4:46
10 „G4L“ Вил Кенард, Сол Милтон, Џејмс Фонтлерој, Робин Фенти Чејс & Статус 4:00
11 „Te Amo“ М.С. Ериксен, Т.С. Хермансен, Џејмс Фонтлерој, Робин Фенти StarGate 3:28
12 „Cold Case Love“ Џастин Тимберлејк, Роберт Тадрос, Џејмс Фонтлерој II The Y's 6:04
13 „The Last Song“ Џејмс Фонтлерој II, Брајан Кенеди, Бен Херисон, Робин Фенти Брајан Кенеди 4:16

Бонус Песни

[уреди | уреди извор]
# Наслов Автор/и Продуцент/и Должина Бонус со:
14 „Hole In My Head“ (со Џастин Тимберлејк) Џејмс Фонтлерој II, Робин Фенти, Џастин Тимберлејк The Y's 4:16 Нокиа

Топ списоци

[уреди | уреди извор]
Топ листа (2009) Топ место
Австралија[42] 15
Австрија[43] 7
Белгија (Фландрија) [44] 31
Белгија (Валонија)[45] 17
Канада[46] 5
Холандија[47] 22
Финска[48] 28
Франција[49] 10
Франција (дигитално подигнување)[50] 1
Ирска[51] 9
Италија[52] 45
Јапонија 10
Мексико[53] 51
Нов Зеланд 14
Норвешка 3
Полска[54] 16
Шпанија[55] 23
Шведска[56] 35
Швајцарија[57] 1
Велика Британија[58] 16
Велика Британија (Р&Б албуми)[58] 4
САД 4
САД (Топ Р&Б/Хип-хоп албуми) 1

Сертификати

[уреди | уреди извор]
Регион Добавувач Сертификат
Австралија АРИА Златен[59]
Полска ЗПАВ Златен[60]
Велика Британија БПИ Златен[61]

Историја на издавање

[уреди | уреди извор]
Регион Датум Продуцентска куќа Формат
Белгија 18 ноември 2009 Universal Music Group ЦД, дигитално подигнување
Ирска 20 ноември 2009
Австралија[62]
Германија[63]
Полска[64] 21 ноември 2009
Велика Британија 23 ноември 2009 Mercury Records[65]
САД Def Jam Recordings
Данска Universal Music Group
Канада
Бразил[66] 24 ноември 2009
Шпанија
Аргентина[67] 26 ноември 2009
Чиле[68]
  1. 1,0 1,1 „Rihanna's New Album Is 'Rated R'. Billboard.com. 20 октомври 2009. Посетено на 21 октомври 2009.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Vena, Jocelyn (21 октомври 2009). „Rihanna May Have Released 'Russian Roulette' For 'Shock Value,' Producer Says“. MTV. Архивирано од изворникот на 2009-10-23. Посетено на 21 октомври 2009.
  3. „Rihanna reveals new single, 'Russian Roulette'. Los Angeles Times. News Corporation. 20 октомври 2009.
  4. Neil Drumming (30 мај 2007). „Good Girl Gone Bad | Music Review | Entertainment Weekly“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2011-11-05. Посетено на 2009-10-24.
  5. Swash, Rosie (9 февруари 2009). „Grammys 2009: Rihanna cancels appearance after boyfriend Chris Brown arrested“. guardian.co.uk. Посетено на 2009-10-24.
  6. Hedley, Caroline (9 февруари 2009). „Grammy Awards 2009: Rihanna pulls out after Chris Brown arrest“. Daily Telegraph. Посетено на 2009-10-24.
  7. Friedman, Roger (10 февруари 2009). „Chaos in Chris Brown-Rihanna Mess“. Fox News. Посетено на 2009-10-24.
  8. Lynch, Joseph Brannigan (14 октомври 2009). „Rihanna's new album: What can we expect?“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2010-02-12. Посетено на 15 октомври 2009.
  9. Daniels, Karu F. (9 март 2009). „Rihanna: "Easing Back Into" Recording Process“. Архивирано од изворникот на 2009-04-24. Посетено на 2009-10-25.
  10. Daily News Staff Writer (9 март 2009). „Back to work: Rihanna records music after alleged Chris Brown assault“. Daily News. Архивирано од изворникот на 2009-03-14. Посетено на 2009-10-25.
  11. 11,0 11,1 Vena, Jocelyn (23 октомври 2009). „Ne-Yo Says It Was 'Refreshing' Working With Rihanna On New LP“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2009-10-27. Посетено на 2009-10-25.
  12. Vena, Jocelyn (22 октомври 2009). „Rihanna 'Took A Chance' With Ne-Yo For 'Russian Roulette'. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2009-10-24. Посетено на 2009-10-23.
  13. 13,0 13,1 Vena, Jocelyn (12 август 2009). „Chase & Status Confirm Rihanna Collaboration“. MTV UK. MTV Networks Entertainment Group. Архивирано од изворникот на 2009-08-16. Посетено на 2009-10-27.
  14. Vena, Jocelyn (6 октомври 2009). „Rihanna To Reunite With 'Umbrella' Producer Tricky Stewart This Month“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2009-10-08. Посетено на 2009-10-23.
  15. Lazerine, Devin. „Tricky Stewart: Rihanna Single Is a 'Monster'. Rap-Up. Посетено на 2009-10-25.
  16. Reid, Shaheem (2009-10-29). „Rihanna Recruits The-Dream, Young Jeezy For 'Hard' - News Story | Music, Celebrity, Artist News | MTV News“. Mtv.com. Архивирано од изворникот на 2010-03-25. Посетено на 2009-11-06.
  17. „Ester Dean Writes for Rihanna's Album“. Rap-Up. 5 ноември 2009. Посетено на 2009-11-08.
  18. McConnell, Donna (12 октомври 2009). „Rihanna's all fur coat and nude knickers at raunchy photoshoot for new album cover“. Mail Online. Посетено на 21 октомври 2009.
  19. 19,0 19,1 McConnell, Donna (17 октомври 2009). „Rihanna goes all-out for new cover“. The Star. Посетено на 21 октомври 2009.
  20. 20,0 20,1 PopEater Staff (27 октомври 2009). „Rihanna's 'Rated R' Album Cover Debut“. PopEater.com. Архивирано од изворникот на 2014-12-07. Посетено на 2009-10-27.
  21. 21,0 21,1 Kaufman, Gil (October 27, 2009). „Rihanna Gets Serious On Rated R Album Cover“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2009-10-30. Посетено на 2009-10-27.
  22. Paine, Jake (20 октомври 2009). „Rihanna's Rated R Planned For November Release“. HipHopDX.com. Посетено на 2009-10-24.
  23. Itzkoff, Dave (20 октомври 2009). „Rihanna to Release New Album in November“. The New York Times. Посетено на 2009-10-26.
  24. „Rihanna tweets about new album?“. The Press Association. 14 октомври 2009. Посетено на 14 октомври 2009.
  25. „Is Rihanna Releasing A New Album On November 23?“. MTV. 13 октомври 2009. Архивирано од изворникот на 2010-03-16. Посетено на 14 октомври 2009.
  26. „Countdown To Rihanna's New Single (More Than Likely) On“. Neon Limelight. 17 октомври 2009. Архивирано од изворникот на 2016-03-21. Посетено на 2009-10-17.
  27. Vena, Jocelyn (19 октомври 2009). „Is Rihanna Releasing A New Single Tomorrow?“. MTV. Архивирано од изворникот на 2010-10-10. Посетено на 2009-10-19.
  28. Up for DiscussionPost Comment (2009-09-14). „Rihanna's 'Roulette' Lands In Hot 100's Top 10“. Billboard.com. Посетено на 2009-11-23.
  29. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-11-26. Посетено на 2009-11-23.
  30. (Posted: Dec 3, 2009). „Rihanna Preps For 'Daring' World Tour“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2009-12-06. Посетено на 2009-12-03.
  31. „Rihanna Album Debuts At No. 4 On The Charts, 181 Units Sold“. MrsGrapevine. Архивирано од изворникот на 2009-12-05. Посетено на 2009-12-02.
  32. „The Official UK Top 40 Singles Chart“. Radio 1. Посетено на 2009-12-02.
  33. Rated R (2009): Reviews[мртва врска]. Metacritic Посетено на 2009-11-23.
  34. Rihanna. „Rated R (2009)“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2014-11-29. Посетено на 2009-11-21.
  35. Rihanna. „Album review: Rihanna, 'Rated R'. Chicago Tribune. Посетено на 2009-11-21.
  36. Rihanna. „Rihanna, "Rated R" (Def Jam) [3 STARS out of 4]“. Chicago Sun-Times. Архивирано од изворникот на 2009-11-21. Посетено на 2009-11-21.
  37. Malone, Ailbhe. Review: Rated R. NME. Посетено на 2009-12-03.
  38. Rihanna. „Rihanna: Rated R“. The Times. Архивирано од изворникот на 2011-06-15. Посетено на 2009-11-21.
  39. Embling. Review: Rated R Архивирано на 27 ноември 2009 г.. Tiny Mix Tapes. Посетено на 2009-11-23.
  40. Powers, Ann. Review: Rated R. Los Angeles Times. Посетено на 2009-11-23.
  41. Rihanna. „The sound and fury of Rihanna: Singer vents rage on 'Rated R'. The Boston Globe. Посетено на 2009-11-21.
  42. „ARIA Top 50 Albums Chart“. ARIA. 2009-12-02. Посетено на 2009-11-30.
  43. „RIHANNA - RATED R (ALBUM)“. austriancharts.at. 2009-12-04. Посетено на 2009-12-04.
  44. „RIHANNA - RATED R (ALBUM)“. Ultratop. 2009-12-05. Посетено на 2009-11-28.
  45. „Ultratop 50 albums“. Ultratop. 2009-12-02. Посетено на 2009-11-28.
  46. „Canadian Albums“. Billboard. 2009-12-02. Посетено на 2009-11-28.
  47. „RIHANNA - RATED R (ALBUM)“. dutchcharts.nl. 2009-12-05. Посетено на 2009-11-28.
  48. Suomen virallinen lista
  49. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-12-05. Посетено на 2009-12-06.
  50. http://www.chartsinfrance.net/Renaud/news-69044.html
  51. „Top 100 Individual Artist Albums“. IRMA. 2009-12-02. Архивирано од изворникот на 2009-10-05. Посетено на 2009-11-26.
  52. „Classifica settimanale dal 16-11-2009 al 22-11-2009“. FIMI. 2009-12-05. Архивирано од изворникот на 2015-03-26. Посетено на 2009-11-16.
  53. „Top 100 Albums Chart in Mexico“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-12-02. Посетено на 2009-12-06.
  54. „Oficjalna lista sprzedaży :: OLIS - Official Retail Sales Chart“. OLIS. 2009-11-29. Посетено на 2009-12-08.
  55. „RIHANNA - RATED R (ALBUM)“. spanishcharts.com. 2009-12-05. Посетено на 2009-11-29.
  56. „RIHANNA - RATED R (ALBUM)“. swedishcharts.com. 2009-12-04. Посетено на 2009-12-04.
  57. „RIHANNA - RATED R (ALBUM)“. Swisscharts.com. 2009-12-02. Посетено на 2009-12-06.
  58. 58,0 58,1 „The Official UK Top 40 Albums Chart“. Radio 1. 2009-12-02. Посетено на 2009-11-29.
  59. „ARIA Top 50 Albums Chart“. ARIA. 2009-12-02. Посетено на 2009-12-01.
  60. „Związek Producentów Audio-Video :: Polish Society of the Phonographic Industry“. Zpav.pl. Архивирано од изворникот на 2007-05-28. Посетено на 2009-12-12.
  61. „BPI Search“. Архивирано од изворникот на 2017-10-06. Посетено на 2009-12-06.
  62. „RATED R | Music , Music Genres, Pop/Rock : JB HI-FI“. Jbhifionline.com.au. Архивирано од изворникот на 2012-10-19. Посетено на 2009-11-10.
  63. „Rihanna - Produktdetails - Rated R - (CD)“. Rihanna.de. 2009-10-30. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2009-11-10.
  64. „Universal Music Polska“. Universalmusic.pl. Посетено на 2009-11-23.
  65. „music: Rated R (2009)“. hmv.com. Посетено на 2009-11-24.
  66. „Brazilian release date“. PoplineBr. Архивирано од изворникот на 2009-11-09. Посетено на 2009-01-11.
  67. „:: Universal Music Argentina :: Rihanna :: Noticia“. Universal Music. Архивирано од изворникот на 2010-11-13. Посетено на 2009-10-24.
  68. „WOW - Tu Portal de Música - Rihanna regresa con Rated R“. WOW. Архивирано од изворникот на 2009-10-25. Посетено на 2009-10-24.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Статијата „Rated R“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).