[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Magma CMS

Од Википедија — слободната енциклопедија
Magma CMS™
Изворни авториMagma
Првично издание2003.[1]
Стабилно издание3.0.1 / 1 ноември 2011.
Прог. јазикPHP
ПодлогаPHP/MySQL
Големина1.5 MB
Мреж. местоwww.magmacms.com

Magma CMSсистем за управување со содржини (англиски: Content Management System или скратено CMS) за објавување на содржина на веб и интернет. Напишан е во програмски јазик PHP[2] во техника на објектно-ориентирано програмирање (ООП) со повеќеслојна архитектура на вгнездените модули. Содржи многу додатоци кои доаѓаат со самата платформа, и плус има можност за инсталирање на други додатоци. Поседува висок степен на безбедност, прецизен систем на ауторизација, прегледно разврстување и филтрирање на содржините со различни сетови на критериумите[3]. За чување на содржините користи UTF-8 кодна страница, што го прави погодно за меѓународна примена.

Инсталација

[уреди | уреди извор]

Како и повеќето други веб инсталации, Magma CMS може да се покрене на LAMP[2] платформи. Иако најчесто користи MySQL база на податоци, можно е да се користат и други релациони бази на податоци.

Основната инсталација на Magma CMS поседува можности који се прифатени као стандард во модерните системи за управување на содржините. Некој од нив се[4]:

  • Администрација
  • Регистрација на кориснички сметки
  • Управување на кориснички сметки
  • Ауторизација и контрола на пристапот
  • Модификација на структурите на страницата
  • Менаџмент на написи
  • Менаџмент на сликата со авотоматска промена на големина
  • Менаџмент на видео клипови и документи
  • Повеќе јазична поддршка
  • Едноставна навигација
  • Флексибилна структура на мрежното место
  • Класификација на содржините на повеќе различни критериуми
  • Филтрирање и сортирање на содржината
  • Мегусебно поврзување на написи и означување
  • СЕО оптимизација на мрежното место и алати за СЕО

Magma CMS може да се користи за изработка на различни видови мрежни места, портали, као блог платформа или веб заедница. Брз е, што го прави погоден за изработка на портали со голем број на посетители. Во Magma CMS е интегриран поголемиот број работни и комерцијални апликации[3][5].

На корисниците им е достапен поголем број на модули кои ги задоволуваат опстите потреби, како на пример систем за објавување на написите, неколку различни видови на огласи, систем за класификација и пребарување на содржините, управување со банери, статистика и автоматска изработка на динамичките мапи на мрежното место[6].

HTML кодот е заснован на CSS и во потполност е одвоен од јадрот. Со тоа е овозможено на веб дизајнерите да модифицираат веќе постоечки и создаваат нови теми без познавање на програмирањето. Шаблоните се дизајнирани со техника на прилагодлив веб дизајн, со што е постигнат оптимален приказ на веб апликацијата без оглед на голеимната на екранот (десктоп, лаптоп, таблет, паметен телефон)[3][7]:

  1. „Magma CMS History“. 7 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-11. Посетено на 2014-10-08.
  2. 2,0 2,1 „Magma CMS Technical Requirements“. 7 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-10-08.
  3. 3,0 3,1 3,2 М. Добројевић (2013). 14. Меѓународен симпозиум Синергија 2013. Бијељина, БиХ: Универзитет Синергија. стр. 265. ISBN 978-99955-26-32-0. Архивирано од изворникот на 2014-08-08. Посетено на 7 октомври 2014.
  4. „Magma CMS Features“. 7 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-10-08.
  5. „Magma Products“. 7 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-10-08.
  6. „Magma CMS Modules“. 7 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-10-08.
  7. „Magma CMS Responsive design“. 7 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-10-08.