[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Indigo Girls

Од Википедија — слободната енциклопедија
Indigo Girls
Indigo Girls strumming guitars onstage
Indigo Girls na настап на 12 август 2021 година
Животописни податоци
ПотеклоАтланта, Џорџија, САД
Жанрови
Период на активност1985–денес
Издавачи
Мреж. местоindigogirls.com
Членови
Ејми Реј
Емили Салиерс

Indigo Girls ― американско фолк-рок музичко дуо од Атланта, составено од Ејми Реј и Емили Салиерс.[1]

Во 1987 година сами го објавиле нивниот прв студиски албум. По ова, групата соработувала со големите издавачки куќи Epic Records и Hollywood Records, а од 2007 година повторно работеле самостојно. Во 1990 година, групата добила Греми награда за најдобар современ фолк албум.

Indigo Girls активно се залагаат за правата на сексуалните малцинства и заштита на животната средина. Тие се сметаат за геј икони.[2]

Историја на групата

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Ејми Реј и Емили Салиерс се запознале како ученички во основно училиште,[3] а додека оделе во средно училиште почнале да се дружат и да настапуваат заедно, прво под името „The B-Band“, а потоа како „Салиерс и Реј“.[4]

Во 1985 година го усвоиле името Indigo Girls,[5] а една година подоцна издадоа EP со тоа име. Во 1987 година го објавиле нивниот прв студиски албум, Strange Fire. Албумот бил објавен во 7.000 примероци и не предизвикал позначителен интерес.

Epic Records (1988–2006)

[уреди | уреди извор]

По успехот со 10,000 Maniacs, Трејси Чепмен и Сузан Вега, Epic Records одлучил да ангажира други женски фолк-кантавторки; Epic потпишал договор со Indigo Girls во 1988 година. Вториот албум, насловен Indigo Girls и објавен во 1989 година, бил многу успешен. Стигнал до 22-то место на табелата на албуми Билборд 200, бил сертифициран како платинест албум, а во 1990 година бил награден со Греми награда за најдобар современ фолк-албум.

Во 1990 година, групата го претставила нивниот трет албум Nomads Indians Saints, кој бил со послаб квалитет во однос на неговиот претходник, иако добил златен статус и номинација за Греми. Пролетта 1992 година, Indigo Girls го издале нивниот четврти албум, Rites of Passage, кој дебитирал на 22-то место на топ-листите и до крајот на годината бил сертифициран со платина. Две години подоцна бил објавен албумот Swamp Ophelia,[1] кој дебитирал на 9-то место на листата и станал златен. Следниот студиски албум на Indigo Girls бил издаден пролетта 1997 година, под наслов Shaming of the Sun. Две години подоцна, бил објавен седмиот албум Come on Now Social.

Retrospective, компилациски албум со две нови песни, бил објавен во 2000 година, а Become You следел две години подоцна. Нивниот последен студиски албум со Epic бил All That We Let In, издаден во 2004 година кој бил придружен со турнеја. На 14 јуни 2005 година, тие го издадоа Rarities, збирка од Б страни и ретки песни со што била исполнета обврската за бројот на албуми од нивниот договор со Epic.

Hollywood Records (2006–07)

[уреди | уреди извор]
Indigo Girls на настап во 2005 година.

Откако си заминале од Epic, Indigo Girls потпишале договор за пет снимки со Hollywood Records. Нивниот прв (и единствен) албум со Hollywood, Despite Our Differences бил издаден на 19 септември 2006 година. За време на турнејата за поддршка на албумот во 2007 година, дискографската куќа го раскинала договорот со групата.[6]

Самостојна работа (2007–сега)

[уреди | уреди извор]
Настап во Филмор во Шарлот, Северна Каролина во 2018 година

ел Дуото ги продолжило да работи како независна група. Во 2009 година, тие самостојно го издале албумот Poseidon and the Bitter Bug. Албумот бил дистрибуиран од Vanguard Records. Групата потоа ги објавила албумите: Holly Happy Days (2010), Beauty Queen Sister (2011) и One Lost Day (2015). Исто така, во 2010 година била објавена колекција од два диска Staring Down the Brilliant Dream со снимки од концертни изведби.

Во 2017 година, Indigo Girls биле на турнеја низ САД изведувајќи ја нивната музика аранжирана за симфониски оркестар. По повеќе од 50 концерти, во 2018 година издале двоен албум во живо под наслов Indigo Girls Live with the University of Colorado Symphony Orchestra. Во 2020 година, го објавиле студискиот албум Look Long. .

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

[уреди | уреди извор]
  • 1985 : Indigo Girls - EP
  • 1989 : Strange Fire
  • 1989 : Indigo Girls
  • 1990 : Nomads, Indians, Saints
  • 1992 : Rites of Passage
  • 1994 : Swamp Ophelia
  • 1997 : Shaming of the Sun
  • 1999 : Come On Now Social
  • 2002 : Become You
  • 2004 : All That We Let In
  • 2006 : Despite Our Differences
  • 2009 : Poseidon and the Bitter Bug
  • 2010 : Holly Happy Days
  • 2011 : Beauty Queen Sister
  • 2015 : One Lost Day
  • 2020 : Look Long

Албуми во живо

[уреди | уреди извор]
  • 1991 : Back on the Bus, Y'all
  • 1995 : 1200 Curfews
  • 2004 : Perfect World - Maxi Single de 3 chansons live.
  • 2010 : Staring Down the Brilliant Dream

Компилации

[уреди | уреди извор]
  • 1995 : 4.5: The Best of the Indigo Girls - Disponible en Angleterre seulement
  • 2000 : Retrospective
  • 2005 : Rarities
  • 2009 : Playlist: The Very Best of Indigo Girls
  • 2013 : The Essential Indigo Girls - 2 CD
  1. 1,0 1,1 Colin Larkin, уред. (1997). The Virgin Encyclopedia of Popular Music (Concise. изд.). Virgin Books. стр. 643. ISBN 1-85227-745-9.
  2. Празен навод (help)
  3. Burns, Rebecca (June 2003). „From Brenda Lee to Ludacris: A Sonic Portrait of Our City“. Atlanta Magazine. Emmis Communications. 43: 80. ISSN 0004-6701. Посетено на December 2, 2016.
  4. Colin Larkin, уред. (1997). The Virgin Encyclopedia of Popular Music (Concise. изд.). Virgin Books. стр. 643. ISBN 1-85227-745-9.
  5. Colin Larkin, уред. (1997). The Virgin Encyclopedia of Popular Music (Concise. изд.). Virgin Books. стр. 643. ISBN 1-85227-745-9.
  6. „Indigo Girls with the Cincinnati Pops“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]