id Tech 3
id Tech 3 во Quake III, првата игра со погонот, и Elite Force II, една од последните | |
Програмери | id Software |
---|---|
Прог. јазик | Ц |
Вид | Погон за видеоигри |
Лиценца | ГНУ-ова општа јавна лиценца |
id Tech 3 (се чита: ид тек) е погон за видеоигри изработен од id Software за Quake III Arena, искористен за многу игри под ознаките Quake III Arena engine и Quake III: Team Arena engine. Во неговото време се натпреварувал со погонот Unreal. И двата погони многу се користени.
id Tech 3 е голем напредок од погонот Quake и id Tech 2. Иако id Tech 3 е произлезен од id Tech 2, големи делови од кодот се нови или повторно напишани. Заменет е од страна на id Tech 4, кој е произлезен одid Tech 3, но содржи многу малку од првичниот код.
На QuakeCon 2005, Џон Кармак најави дека изворниот код на Quake III ќе биде објавен под ГНУ-овата општа јавна лиценца (верзија 2). Објавен беше на 19 август, 2005 година. Кодот е достапен за симнување од интернет на фтп-страната на id.
Користење на погонот
[уреди | уреди извор]Проекти засновани на слободниот изворен код
[уреди | уреди извор]- ioquake3 – Проект за отстранување на багови и на стариот код за користење на глувче, за расчистување на изворниот код и за додавање поусовршени графички и звучни можности преку SDL и OpenAL, кој треба да служи како чист основен пакет за други проекти. Овој погон го поддржува форматот Ogg Vorbis и снимање на демо-снимки во форматот .avi.[1] Меѓу игрите кои го користат овој погон се World of Padman, OpenArena и Tremulous.
- Space Trader - Акција/Стратегија од HermitWorks Entertainment
- Smokin' Guns - полуреалистична симулација на атмосферата во „Дивиот Запад“. Почнала како модификација за Quake 3, но прераснала во самостојна игра. Почнала да го користи погонот ioquake3 2009 година[2].
- Urban Terror – Мод за Quake 3 што сега е самостојна игра. Изворниот код сè уште не е јавно објавен.
Производи што користат неслободна лиценца
[уреди | уреди извор]- American McGee's Alice (2000) – Rogue Entertainment
- Call of Duty (2003) – Infinity Ward
- Call of Duty Classic (2009) – Infinity Ward
- Heavy Metal: F.A.K.K.² (2000) – Ritual Entertainment
- James Bond 007: Agent Under Fire (2001) – EA Redwood Shores (ова требало да биде верзија за PS2 и Windows на играта за PlayStation и N64 The World is Not Enough, но подоцна ја откажале)
- Medal of Honor: Allied Assault (2002) – 2015, Inc.
- Medal of Honor: Allied Assault - Spearhead (2003) – EA Los Angeles
- Medal of Honor: Allied Assault - Breakthrough (2003) – TKO Software
- Quake III Arena (1999) – id Software
- Quake III: Team Arena (2000) – id Software
- Return to Castle Wolfenstein (2001) – Gray Matter Interactive (SP) / Nerve Software (MP)
- Wolfenstein: Enemy Territory (2003) – Splash Damage
- Severity (2007) – Cyberathlete Professional League
- Soldier of Fortune II: Double Helix (2002) – Raven Software
- Star Trek: Voyager Elite Force (2000) – Raven Software
- Star Trek: Elite Force II (2003) – Ritual Entertainment
- Star Wars Jedi Knight II: Jedi Outcast (2002) – Raven Software
- Star Wars Jedi Knight: Jedi Academy (2003) – Raven Software
- Iron Grip: Warlord (2008) – Isotx
- Dark Salvation (2009) - Mangled Eye Studios
- Quake Live (2009 Beta) – id Software
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Целосен изворен код на верзијата на id Tech 3 од Quake III[мртва врска]
- Целосен список на игри што го користат id Tech 3
- id Tech 3 на ModDB
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Валич, Тео (3 април 2007). „Two free games based on the Quake 3 engine tip up“. The Inquirer. Архивирано од изворникот на 2010-08-28. Посетено на 2010-01-12.
- ↑ Бугар, Гијом (алијас Tequila) (22 јануари 2009). „Smokin'Guns ioQuake3 backport“. Smokin'Guns Productions. Архивирано од изворникот на 2009-09-20. Посетено на 2010-01-26.