[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

8 април

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< април >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30
2024

8 април — 98-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (99-и во престапна година). Остануваат 267 денови до крајот на годината.

Настани:

1513  Шпанскиот истражувач Хуан Понсе де Леон ја открил Флорида и ја прогласил за шпански посед. Во 1819. Шпанија ја продала Флорида на САД за 5 милиони УСД и ветување дека ќе се откажат од претензии кон Тексас.
1820  Милоска Венера е откриена на островот Милос во Грција и станала првостепена атракција кога била изложена во Лувр во Франција, иако некои не ја делеле воодушевеноста, на пример Пјер Огист Реноар рекол дека „потсетува на голем џандар“.
1904  Франција и Обединетото Кралство потпишале „Срдечен сојуз“, предвесник на Антантата која била воен сојуз во текот на Првата светска војна и Втората светска војна, и крај на долговековните војни помеѓу двете земји.
1942  Во Битола бугарската полиција го смртно е повреден членот на месниот комитет на КПЈ Јордан Чопела. Следниот ден умира.
1971  Во Лондон почна Првиот конгрес на Ромите кој траеше до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласи 8 април за Светски ден на Ромите.
1993  Со акламација во Генералното собрание на ОН, Република Македонија е примена како 181 рамноправна членка на Организацијата на обединетите нации под името „Поранешна Југословенска Република Македонија“.
1995  Република Македонија и Сојузна Република Југославија воспоставиле дипломатски односи.

Родени:

1784  Дионисио Агуадо — шпански класичен гитарист и композитор од времето на романтизмот († 1849).
1859  Едмунд Хусерл — германски филозоф.
1870  Анастас Лозанчев — македонски револуционер († 1945).
1892  Мери Пикфорд — канадско-американска глумица.
1904  Џон Хикс — британски економист.
1909  Џон Фанте — американски писател.
1909  Круме Кепески — македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата македонска граматика († 1988).
1911  Емил Чоран — романски филозоф и есеист († 1995).
1933  Тереза Ижевска — полска глумица († 1982).
1937  Момо Капор — српски писател и сликар.
1938  Кофи Анан — седми генерален секретар на ООН, добитник на Нобеловата награда за мир во 2001 година.
1940  Џон Хавличек — американски кошаркар.
1950  Гжегож Лато — полски фудбалер.
1958  Том Петраноф — американски атлетичар.
1961  Срѓан Гојковиќ — српски рок-музичар, член на групата „Електрични оргазам“.
1982  Генадиј Головкин —казахстански боксер.
1986  Игор Акинфеев — руски фудбалски голман.
1988  Рикардо Цојдл — австриски велосипедист.
1994  Дарио Шариќ — хрватски кошаркар.
1998  Милан Ристовски — македонски фудбалер.

Починале:

1848  Гаетано Доницетииталијански оперски композитор од времето на романтизмот.
1914  Јакуб Арбес — чешки писател, критичар и новинар.
1950  Васлав Нижински — руски балетан и кореограф.
1973  Пабло Пикасо — шпанско-француски сликар.
2013  Сара Монтиел — шпанска пејачка и глумица.
2013  Маргарет Тачер — првата жена-премиер на Велика Британија, наречена „Железната леди“.
2019  Златко Славенски — македонски драматург, режисер и универзитетски професор.
2024  Питер Хигс — британски теоретски физичар, познат по фундаменталната честичка Хигсов бозон, наречена и „божја честичка“.

Празници:

Светски ден на Ромите
Роденден на Буда во Јапонија.