[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

.su

Од Википедија — слободната енциклопедија
.su
Воведен1990
Тип на доменНајвисок државен домен
СостојбаАктивен
РегистарРуски инститиут за јавни мрежи
ПокровителРуски институт за јавни мрежи
Наменета употребаЕнтитети поврзани со  СССР
Фактичка употребаЕнтитиети од посоветската ера
Регистрирани домени119.423 (јули 2014)[1]
Ограничувања на рестрацијатанема
СоставРегистрациите се дозволени директно на второ ниво
Правила при спорнема
Мреж. местоRUcenter
DNSSECда

.suнајвисок државен домен за Советскиот Сојуз создаден на 19 септември 1990 година. Иако Советскиот Сојуз се распаднал по само 14 месеци, највисокиот домен .su е во употреба и до ден денес. Го раководи Рускиот институт за јавни мрежи.

Историја

[уреди | уреди извор]

Пред создавањето на советскиот домен постоеле само неколку мрежни страници во СССР Internet pages, повеќето припаѓале на универзитетите.[2]

По 1989 година се создадени нови домени во Европа, вклучувајќи ги тука .pl (Полска), .cs (Чехословачка), .yu (Југославија) и .dd (Источна Германија). Меѓу нив бил создаден и доменот за СССР – .su.[3] На почетокот Советскиот Сојуз требаше да добие .ussr домен. Но .su доменот бил осмислен од тогаш 19 годишниот фински студент Петри Ојала.[4] На 26 декември 1991 година се распадна Советскиот Сојуз и републиките се здобија со независност, со што овој домен требало да престане да постои, како што се случило со останатите домени на Источна Германија и Чехословачка. До 1993[3] немало највисок државен домен за Русија. Поради оваа причина земјата продолжила да го користи советскиот домен. Во 1993 година се воведува доменот .ru кој требало да го замени доменот .su.[3] Доменот требало да биде повлечен од ICANN, но бил зачуван по барање од руската влада и корисниците на семрежјето.[3]

Во 2001 година, раководителите на доменот објавиле дека ќе почната да прифаќаат нови записи на доменот .su, но не е јасно дали оваа остапка е во согласност со политиките на ICANN. ICANN изразила намера дека сака да го укине доменот .su и IANA изјавила дека почнала да го отстранува,[5] но лобистите изјавиле дека во септември 2007 година започнале преговори со ICANN за зачувување на доменот.[6] Во првата четвртина на 2008 година, регистрациите на доменот .su се зголемиле за 45%.[7]

Употреба

[уреди | уреди извор]

Доменот бил наменет за советските институции и претпријатија кои работеле во СССР. Моментално, и покрај распадот на земјата и преземањето на доменот тој сѐ уште е во употреба. Повеќето од регистрираните домени на .su се во Русија и САД.[8] Според податоците на RU-CENTER, постојат околу 93.500 регистрирани страници на доменот .su (постојат преку 2,8 милиони страници на доменот .ru ).[9] Меѓу институциите кои сѐ уште го користат овој домен се руската партија Наши, која е поврзана со претседателот и премиерот на Руската Федерација,[10] како и од сепаратистичката Федерална држава Новорусија во Источна Украина.[11] Во продолжение, доменот се користи од меѓународните бизниси, како што се Microsoft, Apple и Ford, кои своите руски страници ги имаат регистрирано на доменот .ru. Некои организации кои настанале во Советскиот Сојуз сѐ уште го користат овој домен.[12]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „nic.ru (Russian ccTLD Registry) domain count“. nic.ru. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 2014-09-22.
  2. Компания "Демос" - первый российский интернет-провайдер. Услуги дата-центра, офисная телефония, Интернет, хостинг - Компания Демос (руски), Архивирано од изворникот на 2011-07-24, Посетено на 12 January 2010
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Marcin Kryska. „Domena internetowa SU“ (полски). Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 11 June 2012.
  4. „Юбилей Рунета: 10 лет назад финн Петри Ойала зарегистрировал домен .su“ (руски). Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 12 January 2010.
  5. .su Domain Delegation Data IANA
  6. Kilner, James (19 September 2007). „USSR still alive on Internet and won't go quietly“. Reuters. Архивирано од изворникот 2007-12-13. Посетено на 5 December 2007.
  7. Back in the USSR: Soviet Internet domain name resists death, Mansur Mirovalev, writing for Associated Press, 18 April 2008
  8. „Domena .su wciąż używana, chociaż ZSRR już nie ma“ (полски). Посетено на 12 January 2010.
  9. „RU TLD: Registration and Delegation Statistics“. Архивирано од изворникот на 2011-05-27. Посетено на 11 May 2010.
  10. Nashi. „Молодёжное демократическое антифашистское движение НАШИ / Главная“ (руски). Архивирано од изворникот на 2006-04-23. Посетено на 12 January 2010.
  11. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-08. Посетено на 2014-09-22.
  12. „Tons of Hackers are Hanging out in old Soviet Cyberspace“. Gizmodo.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]