[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Цветна дршка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цветни видови. Секој цвет има цветна дршка долга неколку сантиметри.

Цветна дршка — стебленце (петелка) што го носи цветот,[1] а се наоѓа под цветната ложа до листот во чии пазуви се развил цветот (прицветник — брактеја). Цветовите без цветна дршака се нарекуваат седечки.

Особености

[уреди | уреди извор]

На цветната дршка се ноѓаат листови наречени брактеоли. Присуството или отсуството на овие листови е значаен таксономски показател, и по правило, кај еднокотиледоните е присутен еден и тоа на иста страна со прицветникот, додека кај двокотиледоните има два и тоа на спротивната страна од него. Низ цветната дршка минуваат спроводни снопчиња и стигнуваат до цветната ложа.[2]

Од особеностите на цветната дршка зависи и на кој начин ќе се сушат цветовите со помош на глицерин. Цветовите со зелјеста дршка се сушат во топол раствор од глицерин, а оние со дрвенеста дршка се сушат на ладен.[3]

  1. answers.com: flower-stalk, Пристапено на 30.1.2024.
  2. Татић, Б.& Петковић, Б. 1991. Морфологија биљака. Научна књига. Београд.
  3. exclusive: „Савети - сушење цвећа“ Архивирано на 27 јули 2010 г., Пристапено на 30.1.2024.