[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Хектограф

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хектографија (од грчки јазик: стокаτόν „сто“ + γписω „пишува“) — графичка техника со посебна постапка на печатење во која оригиналот се пренесува, копира во посебна желатинска постапка во која желатинот поставен на железна рамка ги копира, извлекува линиите подвлечени со посебното мастило. Хектограф е вид машина за копирање [1].

Постојат три метода на хектографски печат: желатински (се појавил прв), азотен и алкохолен (последниве двa метода не се користат денес) [2].

Желатинска хектографија

[уреди | уреди извор]

За печатење со желатин, обично се користат рамни хектограми, кои се - кутија исполнета со мешавина направена од еден дел од желатин, четири дела глицерин и два дела вода. Масата е поставена во лимени кутии.

Цртежот, прецртан со анилно мастило, цврсто се нанесува и по неколку минути на хектографот се добива отпечаток, којшто се копира на поставените листови хартија.

Во принцип со оваа техника можат да се отпечатат сто отпечатоци, денес со усовршувањето на постапката можно е и до двесте.

Алхохолна хектографија

[уреди | уреди извор]

Оригиналот за печатење се подготвува на специјално обложена хартија. На специјална хартија за копирање се пренесува огледалната слика на документот – оригиналот. Печатењето се изведува со хектограмот користејќи го специјалниот слој за репродукција на хартијата за печатење и мастилото за пренесување на оригиналот. Од една плоча за печатење, може да се отпечатат 100-200 отпечатоци. Предности на ова печатење: брзо печатење на повеќе примероци, ниската цена на потрошните материјали. Недостатоци: слаб квалитет на копиите и нивно избледување со текот на времето [3].

Хектографијата е еден вид на метод на фотокопирање.

Галерија

[уреди | уреди извор]
реклама од 19 – век за хектографија

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]