[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Фулгефона

Координати: 60°00′N 6°20′E / 60.000° СГШ; 6.333° ИГД / 60.000; 6.333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Фулгефона
Типвисорамнински ледници
МестоКвинхерад, Ода и Етне, Хордалан (Норвешка)
Координати60°00′N 6°20′E / 60.000° СГШ; 6.333° ИГД / 60.000; 6.333
Површина207 км2
Должина36 км
Дебелинамакс. 375 м
Ледникот Бондхус
Поглед надолу од ледникот

Фулгефона норвешки: Folgefonna е збирен поим за три висорамнински ледници во Хардангер во округот Хордалан, Норвешка:

  • Северна Фулгефона (26 км2)
  • Средна Фулгефона (11 км2)
  • Јужна Фулгефона (167 км2), трет по големина во копнена Норвешка.

Ледничката група во 2006 зафаќала вкупна површина од 207 км2. Во мај 2005 е основан Националниот парк Фулгефона, со што ледниците и околното подрачје добиле државна заштита.[1]

Во северниот дел на ледникот има летен скијачки центар. Најголемите ракави на Фулгефона се Бломстелскард, Бондхус и Буар. Од 1960 до денес, промените во Блостелскард (јужниот крај на Фулгефона) се незначајни. Меѓутоа, посеверните ракави Бондхус и Буер растеле кон крајот на 1990-тите, за да почнат да се повлекуваат во 2000 г.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Folgefonna og Fjordbygdene. 2008. (Бергенски универзитет) во Nord4, стр. 591

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]