[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Томас Болејн

Од Википедија — слободната енциклопедија
The Right Honourable

Ерл од Вилтшир

KG
На должноста
1530–1536
Монарх Хенри VIII
Претходник Катберт Танстал
Наследник Томас Кронвел
На должноста
1521–1525
Монарх Хенри VIII
Претходник Едвард
Наследник Вилијам ФитцВилијам
Лични податоци
Роден(а) Thomas Boleyn
1477
Хеверска палата
Кент
Кралство Англија
Починал(а) 12 март 1539 (на 61–62 г.)
Почивалиште Црква Свети Петар
Кент
Националност Англија англичанин
Сопружник Елизабета Хауард
Роднини Вилијам Болејн (татко)
Маргарита Болејн (мајка)
Деца Марија Болејн
Ана Болејн
Џорџ Болејн
Живеалиште Хеверска палата
Занимање дипломат, политичар

Томас Болејн (роден во 1477 - починал на 12 март 1539 година) — англиски дипломат, прв Ерл од Вилтшир како татко на англиската кралица Ана Болејн и дедо на Елизабета I.

Негови родители биле Вилијам Болејн и Маргарита Болејн. Тој се оженил со Елизабета Хауард, ќерка на Томас Хауард, од кој брак се родиле:

Томас Болејн бил еден од најголемите дипломати во времето на Хенри VIII, кој познавал неколку европски јазици. Тој бил миленик на Хенри VII. Томас Болејн успеал да шармира многу влијателни личности, вклучувајќи ја и надвојводката Маргарет од Австрија, ќерката на Максимилијан I, Цар на Светото Римско Царство. Во овој период, таа владеела со Холандија на местото на нејзиниот татко и била толку многу импресионирана од Болејн што ѝ понудила на ќерка му Ана место во нејзиниот дворец. Во 1525 година се здобил со титулата војвода од Роксфорд, а во 1527 со титулата гроф од Ормондеа. Во 1529 година пак, благодарение на својата ќерка Ана, која станала кралица на Англија, се здобил со титулата гроф од Вилтшир. Во 1533 година, неговата ќерка се омажила за Хенри VIII, но по три години била погубена заедно со својот брат Џорџ. Во текот на останатиот живот, Томас го поминал во мирување, надвор од политичкиот живот.