Тим Веленс
Веленс на Тур де Франс 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Тим Веленс | ||
Роден | 10 мај 1991 Синт Трејден, Белгија | ||
Висина | 1,83 м | ||
Маса | 65 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Лото-Дстни | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам планински велосипедизам (порано) | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Аматерски клубови | |||
2009 2010–2012 | Авија Сајклинг Тим Даво Лото Давитамон | ||
Професионални клубови | |||
2012– | Лото-Белисол | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 17 ноември 2022 |
Тим Веленс (холандски: Tim Wellens; р. 10 мај 1991) — белгиски професионален друмски велосипедист и поранешен планински велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Дстни.[1]
Тој е син на поранешниот професионален велосипедист Лео Веленс и внук на велосипедистите Пол и Јохан Веленс.[2]
Кариера
[уреди | уреди извор]Веленс се натпреварува како професионалец од средината на сезоната 2012,[3] придружувајќи ѝ се на екипата Лото-Белисол по три сезони со нивната развојна екипа.
2012
[уреди | уреди извор]Веленс го направил неговото деби со екипата на ГП Хосе Дибоа, каде завршил осми; подоцна се појавил на прва трка од Светската турнеја, преку настап на канадските трки во Квебек и Монтреал обидувајќи се да отиде во бегство на секоја од овие трки.[4][5] Веленс се покажал добро во последната трка од сезоната Трка околу Пекинг, завршувајќи на сите етапи во првите 25 - заземајќи го петтото место на последната етапа – и стигнувајќи до десеттото место во генералниот пласман,[6][7] и втор зад возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Рафал Мајка во пласманот за млад возач.[8]
2014
[уреди | уреди извор]Во август 2014 година, Велес го освоил генералниот пласман и шестата етапа на трката Енеко Тур.[9] Времето кое го освоил на етапата му ја донело победата на целата трка.
2015
[уреди | уреди извор]Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2015.[10]
На шестата етапа на Енеко Тур 2015, Веленс нападнал при што добил девет секунди во спринтот на златниот километар. Главната група не успеала да го достигне Веленс и го зголемил водството; ја освоил етапата со 49 секунди предност пред Ван Авермат, додека Гешке завршил трет. Веленс се искачил во генералниот пласман, на 1 минута и 3 секунди пред Ван Авермат.[11] Веленс го одбранил водството на последната етапа и ја освоил трката втора година по ред.
2016
[уреди | уреди извор]На Џиро д’Италија 2016, Веленс ја освоил шестата етапа по приклучувањето на успешното бегство на етапата.
Во јули 2016 година, Веленс ја освоил петтата етапа на Трка околу Полска 2016 со соло-бегство на дождлива етапа на која 85 возачи се откажале.[12] Тоа му дало предност од над 4 минути во генералниот пласман, кое успеал да го одбрани до крајот на трката.
2017
[уреди | уреди извор]Веленс ја напуштил петнаесеттата етапа на Тур де Франс 2017 поради жештина и алергија од полен, која одбивал да ја лечи со ТУЕ.[13] И покрај тоа што има астма Веленс одбива да користи инхалатор, поради што го критикувал Крис Фрум во неговиот случај за салбутамол.
2018
[уреди | уреди извор]Веленс ја остварил својата прва победа во 2018 година на Трофео Сера де Трамунтана, што го освоил втора година по ред.[14]
На Рута дел Сол 2018, Веленс ја освоил четвртата етапа и го преземал водството во генералниот пласман победувајќи го Микел Ланда на калдрмисаното искачување.[15]
2020
[уреди | уреди извор]Во октомври 2020 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања.[16] Освоил две етапи на трката и завршил втор зад Гијом Мартен во планинскиот пласман.[17][18]
2021
[уреди | уреди извор]Во февруари 2021 година ја освоил третата етапа на Етоал де Бесеж и завршил прв во генералниот пласман.[19]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2008
- 1. Национално јуниорско крос-кантри првенство
- 4. Краен пласман Лиеж-Ла Глезе
- 2009
- 2. Краен пласман Трка околу Истра
- 1. Етапа 1
- 3. Краен пласман Џорни Оробика
- 5. Национално јуниорско друмско првенство
- 5. Краен пласман Лиеж-Ла Глезе
- 1. Етапа 4
- 2010
- 7. Краен пласман Тур де По де Савоја
- 2011
- 5. Национално друмско првенство под 23 години
- 5. Краен пласман Тур де По де Савоја
- 2012
- 2. Краен пласман Тоскана-Копа деле Национи
- 2. Краен пласман Вуелта а Навара
- 4. Сиркут де Валони
- 8. Краен пласман Сиркут де Ардени
- 8. ГП Жозе Дибоа
- 10. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 10. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 2013
- 8. Краен пласман Тур де Валони
- 2014
- 1. Краен пласман Енеко Тур
- 1. Етапа 6
- 2. Краен пласман Стер Електротур
- 2. Национално хронометарско првенство
- 4. Џиро ди Ломбардија
- 6. ГП Западна Франција
- 2015
- 1. Краен пласман Енеко Тур
- 1. Етапа 6
- 1. ГП Монтреал
- 2. Трофео Сера де Трамунтана
- 10. Трофео Андрат-Мирадор д’ес Коломер
- 10. Краен пласман Париз-Ница
- 2016
- 1. Краен пласман Трка околу Полска
- 1. Етапа 7 Париз-Ница
- 1. Етапа 6 Џиро д’Италија
- 2. Национално друмско првенство
- 10. Трофео Сера де Трамунтана
- 10. Амстел Голд Рејс
- 2017
- 1. Краен пласман Трка околу Гуангси
- 1. Етапа 4
- 1. Гран при де Валони
- 1. Трофео Сера де Трамунтана
- 1. Трофео Поленка-Порт де Андрат
- 1. Етапа 5 Вуелта а Андалусија
- 2. Краен пласман БинкБенк Тур
- 1. Етапа 6
- 3. Страде Бјанке
- 4. Брабантсе Пејл
- 5. ГП Квебек
- 9. ГП Џеф Схеренс
- 2018
- 1. Краен пласман Тур де Валони
- 1. Етапа 2
- 1. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 1. Етапа 4
- 1. Брабантсе Пејл
- 1. Трофео Сера де Трамунтана
- 1. Етапа 4 Џиро д’Италија
- 3. Краен пласман БинкБенк Тур
- 3. Класик Бретања
- 5. Краен пласман Париз-Ница
- 5. Џиро ди Ломбардија
- 6. Амстел Голд Рејс
- 7. Флеш Валон
- 7. Трофео Љосета-Андрат
- 2019
- 1. Трофео Сера де Трамунтана
- 2. Трофео Андрат-Љосета
- 3. Краен пласман БинкБенк Тур
- 1. Етапа 4
- 3. Краен пласман Трка околу Белгија
- 1. Етапа 3 (ITT)
- 3. Омлоп Хет Ниусблад
- 3. Брабантсе Пејл
- 4. ГП Монтреал
- 5. Тофео Кампос, Поререс, Феланит, Сес Салинес
- 8. Класик Бретања
- 9. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 1. Бодовен пласман
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3 (ITT)
- 9. ГП Квебек
- 10. Страде Бјанке
- 10. Тре Вали Варезине
- Награда за борбеност на етапите 3 и 6 на Тур де Франс
- 2020
- Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 14
- 4. Краен пласман Трка околу Луксембург
- 5. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 2021
- 1. Краен пласман Етоал де Бесеж
- 1. Етапа 3
- 4. Краен пласман Трка околу Бенелукс
- 6. Краен пласман Трка околу Полска
- 6. Гран при Ла Марсејез
- 7. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 2022
- 1. Трофео Сера де Трамунтана
- 2. Краен пласман Тур де Алпс-Маритим ет ди Вар
- 1. Етапа 2
- 2. Краен пласман Трка околу Белгија
- 2. Класика Хаен
- 4. Трофео Калвија
- 8. Страде Бјанке
- 8. Трофео Поленса-Порт д’Андрат
- 9. Брабантсе Пејл
- 9. Јапонски куп
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 54 | — | 96 | — | СО | — | — | — | — |
Тур | — | 129 | — | СО | — | 94 | — | — | СО |
Вуелта | — | — | — | — | — | — | 78 | — | — |
Распоред на резултатите на класици
[уреди | уреди извор]Монумент | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | — | — | 15 | — | 18 | — | — | — | 78 | — |
Трка околу Фландрија | — | — | — | — | — | — | — | 34 | СО | 25 | 43 |
Париз-Рубе | не настапил во кариерата | ||||||||||
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | СО | 43 | 93 | 48 | 35 | 16 | 11 | 33 | 24 | 86 |
Џиро ди Ломбардија | 50 | — | 4 | 71 | СО | 20 | 5 | 29 | СО | 82 | — |
Класик | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
Омлоп Хет Ниусблад | — | — | — | — | — | — | 69 | 3 | 28 | 24 | — |
Страде Бјанке | — | — | — | — | — | 3 | — | 10 | — | 13 | 8 |
Брабантсе Пејл | — | 19 | — | — | 38 | 4 | 1 | 3 | 49 | — | 9 |
Амстел Голд Рејс | — | — | 68 | 19 | 10 | 42 | 6 | СО | НСО | 29 | 20 |
Флеш Валон | — | 139 | 61 | 31 | 65 | 18 | 7 | 17 | 21 | 36 | 23 |
Класика де Сан Себастијан | — | 102 | 44 | 31 | 13 | СО | СО | СО | НСО | — | — |
Класик Бретања | — | 115 | 6 | 110 | 96 | 83 | 3 | 8 | — | — | — |
Гран при Квебек | СО | 51 | 108 | 120 | 14 | 5 | 28 | 9 | НСО | — | |
Гран при Монтреал | 34 | 20 | 24 | 1 | 43 | 12 | 21 | 4 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Lotto Soudal“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
- ↑ Tagtik (11 June 2021). „Paul Wellens: de renner die Freddy Mercury inspireerde“ [Paul Wellens: the rider who inspired Freddy Mercury]. proximus.be (холандски). Посетено на 10 July 2022.
- ↑ „Деби на Тим Веленс“. Лото-Белисол. Belgian Cycling Company. 14 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-28. Посетено на 13 октомври 2012.
- ↑ Аткинс, Бен (7 септември 2012). „Сајмон Геранс од бегство до спринтерска победа на ГП Квебек“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 13 октомври 2012.
- ↑ Мур, Кајл (9 септември 2012). „Lars Petter Nordhaug nails career best win in GP Cycliste de Montréal“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 13 октомври 2012.
- ↑ Стоукс, Шејн (13 октомври 2012). „Cummings beats Hesjedal to scoop final stage of Tour of Beijing, Martin wins overall“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 13 октомври 2012.
- ↑ Рајан, Бери (13 октомври 2012). „Тони Мартин победи на вторпат последователно на Трката околу Пекинг“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 13 октомври 2012.
- ↑ „Одлично Тим Веленс!“. Лото-Белисол. Belgian Cycling Company. 13 октомври 2012. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 13 октомври 2012.
- ↑ „Eneco Tour 2014: Stage 6 Results“. 16 August 2014.
- ↑ „Почетна список на Тур де Франс 2015“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2015-06-29. Посетено на 2 јули 2015.
- ↑ „Wellens wins in Houffalize“. Cyclingnews.com. 15 август 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-pologne-2016/stage-5/results/
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/wellens-questions-use-of-salbutamol-inhalers-in-cycling/
- ↑ „Tim Wellens wins Trofeo Serra de Tramuntana for second year running“. 26 January 2018.
- ↑ „Tim Wellens wins Ruta del Sol stage four and takes race lead from Wout Poels“. 17 February 2018.
- ↑ „75th La Vuelta ciclista a España: Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 19 October 2020.
- ↑ Bonville-Ginn, Tim (4 November 2020). „Tim Wellens powers to second breakaway win of the Vuelta a España 2020 on stage 14“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 2 December 2020.
- ↑ „Tim Wellens“. Вуелта а Еспања. Unipublic. Архивирано од изворникот на 2 December 2020. Посетено на 2 December 2020.
- ↑ Ostanek, Daniel (7 February 2021). „Tim Wellens wins Étoile de Bèsseges“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 3 May 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Тим Веленс“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Тим Веленс“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Тим Веленс“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Тим Веленс“. ProCycling.
|