ТРТ Турк
TRT Türk (ТРТ Турк) | |
---|---|
Отпочната | 27 април 1992 |
Сопственик | Турска Радио Телевизија |
Формат на слика | 16:9 (576i, SDTV) |
Држава | Турција |
Јазик | турски |
Област на емитување | Туркиските држави |
Седиште | Анкара |
Претходно име | TRT Avrasya (ТРТ Евроазија) |
Веб-страна | http://www.trt.net.tr/ |
ТРТ Турк (турски: TRT Türk) е меѓународниот канал на Турската Радио Телевизија (ТРТ) наменет за турското население во другите држави. Работата на ТРТ Турк беше да го поттикне разбирањето за можностите на Турција и другите турски републики кои би можеле да го имаат во многу полиња, преку емитувањето на емисии наменети за Кавказот и Средна Азија. Целта исто така беше да се промовира имиџот на Турците на мулти-димензионален начин. ТРТ Турк беше планиран да стане најглавен турски светски канал. Под овие рамки, каналот беше планирано да создаде емисии продуцирани од другите туркиски републики преку заеднички соработки и продукции.
ТРТ Турк емитуваше образовни, културни, драмски, забавни, музички емисии и информативни програми со реклами. Понекогаш, рекламите на другите јазици беа дозволени во текот на емитувањето на емисиите.
ТРТ Турк беше најглавниот медиум кој емитуваше програма на модерен турски кој е зборуван во Турција. Емисиите може да бидат емитувани со превод на странски јазици или различни дијалекти на турскиот. Понатаму, многу видови на емисии беа наместени систематски и беа планирани да се емитуваат дуплирано преку мултијазична преведувачка техника во рамките на ДВБ стандардите.
На 21 март, 2009 ТРТ Аваз ја замена ТРТ Турк за Туркиските држави.
Историја
[уреди | уреди извор]Првото тест емитување на ТРТ Турк беше во 1992 година, додека нормалното емитување беше започнато од 1993, сè до затворањето и преименувањето во TRT Avaz на 8 мај 2009 година. ТРТ Турк емитуваше програма со резолуција 16:9 и воедно беше првата турска телевизија која емитуваше програма со ваква резолуција. Целта беше да се создаде канал кој би бил алтернатива за турската публика, сличен на Бибиси, Си-ен-ен, и Ал Џазеира на англиски јазик. Поради тоа, ТРТ Турк емитуваше 24 часовна информативна програма на турски јазик за турското население во Турција и дијаспората во цел свет.
Главен координатор на каналот беше Мухарем Севил, додека Умит Сезгин беше назначен за главен и одговорен уредник. Главното седиште на телевизијата беше во Анкара, додека уредништвото како и дописниците беа во Истанбул.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место на Турската Радио Телевизија, ТРТ
(турски) - TRT Türk на Лингсат Архивирано на 5 декември 2008 г.