Патернион
Патернион | ||
---|---|---|
Црква Свети Патернион | ||
Држава | Австрија | |
Покраина | Корушка | |
Округ | Филах-Ланд | |
Управа | ||
• Градоначалник | Алфонс Арнолд (SPÖ) | |
Површина[1] | ||
• Вкупна | 105,49 км2 (4,073 ми2) | |
Надм. вис. | 519 м | |
Население (2018-01-01)[2] | ||
• Вкупно | 5.819 | |
• Густина | 0,55/км2 (1,4/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски код | 9711 | |
Area code | 04245 | |
Мреж. место | www.paternion.at |
Патернион е пазарен град во областа Филах-Ланд во австриската држава Корушка. Сместен е во долината Драва на 18 километри (11 милји) на северозапад од градот Филах.
Географија
[уреди | уреди извор]Патернион е поделен во шест катастарски заедници (катастарски општини): Feistritz an der Drau, Kamering, Kreuzen, Nikelsdorf, Paternion и Rubland.
Историја
[уреди | уреди извор]Населено уште од времето на халстатската култура, ова место за првпат се споменува како Свети Патернијан во едно дело од 1296 година, именувано по Свети Патернијан, епископот од Фано, бидејќи областа јужно од Драва тогаш припаѓала на Акхилеријската патријаршија.[3] Во 1530 година, Патернион ги добил пазарните права од надвојводата Фердинанд Први од Австрија. Со процент од околу 30%, општината денес е еден од центрите на протестантизмот во Корушка.
Замокот Патернион бил дел од Господарството на Патернион (Herrschaft Paternion), заедно со замоците во Полан и Кројцен и 8.800 хектари шуми. Кон крајот на 19 век тие преминале од сопствеништво на грофовите Видман-Рецонико на грофот Пјеро Фоскари од Венеција, и сè уште се во сопственост на семејството Фоскари-Видман-Рецонико.
-
Замокот Патернион (1688)
-
Замокот Патернион
Политика
[уреди | уреди извор]Места во општинското собрание (Гемајндерат) од изборите во 2009 година:
- Социјалдемократска партија на Австрија (СПÖ): 13
- Сојуз за иднината на Австрија (БЗÖ): 8
- Бургерлиште (Независен): 6
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Dauersiedlungsraum der Gemeinden Politischen Bezirke und Bundesländer - Gebietsstand 1.1.2018“. Статистика Австрија. Посетено на 10 март 2019.
- ↑ „Einwohnerzahl 1.1.2018 nach Gemeinden mit Status, Gebietsstand 1.1.2018“. Статистика Австрија. Посетено на 9 март 2019.
- ↑ de:Paternion
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|