[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Марамче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марамчиња

Марамче (множина: марамчиња) — мало парче ткаенина или мека хартија, обично квадрат со размери околу 20 до 30 см направено да ги задоволи хигиенските потреби и најчесто се користи за бришење на мрсулите од носот или солзите од очите.[1][2] Има и украсна улога — како мода се носи во горниот џеб на машките одела и пожелно е, иако не е потребно, да одговара на бојата на вратоврската.[3] Платнените марамчиња се направени од лен, памук или свила. Долго време ги користеле главно благородништвото и најбогатите и најистакнатите граѓани. Околу XVI век во Европа, марамчињата ги носеле само благородните дами.[4][5]

Денес (XXXXI век) платнените марамчиња се речиси целосно заменети со хартиени марамчиња, кои се широко користени, а служат и како салфетки.

  1. „марамче“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „марамче“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „What is a Handkerchief and What are they Used For?“. Home Decor And Crafts With Handkerchiefs And Linens (англиски). Посетено на 2024-04-20.
  4. "Mr. PITT's carriage was nearly the last...he was received with very general applause; the ladies waving their white handkerchiefs from the windows as he passed." "The Procession To St. Paul's". Times [London, England], 20 December 1797, p. 2.
  5. General Lafayette was greeted on a visit to Providence, R.I., by "nearly 200 Misses, arrayed in white", who strewed flowers in his path "at the same time waving their white handkerchiefs". "Lafayette In America". Times [London, England] 16 October 1824, p. 2.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]