Клавикорд
Клавикорд е жичен музички инструмент со клавијатура, настнал во Европа. Бил во употреба од доцна ренесанса, преку барок, до класицизам. Еден е од претходниците на современиот клавир. Во минатото најмногу е користен како инструмент за вежбање и како помош при компонирање. Клавикордот произведува звук така што металните нити (тангенти) ударааат во месингани или челични жици. Инструментот го добил името по латинскиот збор клавис или клавус (clavis-clavus, клуч-шајка), и грчкиот збор хорда во значење жица.
Клавикордот е измислен во почетокот на 14 век. Бил многу популарен од 16 до 18 век, главно во германските земји, Скандинавија и Пиринејски Полуостров. Голем поборник на овој инструмент бил е Карл Филип Емануел Бах. До 1850 музичарите престанале да користат клавикорд. Денес на клавикорд свират музичари заинтересирани за стара музика, особено за музика во барок. Клавикорд повремено се појавува како инструмент во современата рок-музика.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |