Кеге
Кеге | ||
---|---|---|
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Denmark" does not existЛокација во Данска | ||
Координати: 55°27′N 12°11′E / 55.450° СГШ; 12.183° ИГД | ||
Управа | ||
• Градоначалник | Мари Стерке | |
Население (2012-01-01) | ||
• Вкупно | 35.295 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+1) | |
Мреж. место | http://www.koege.dk/ |
Кеге е значаен град во Данска, поточно во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на регионот Зеланд, каде со околните населени места претставува општина, Општина Кеге. Денес Кеге има околу 35.000 жители во градот и околу 57.000 жители во поширокото градско подрачје.
Природни услови
[уреди | уреди извор]Куге се наоѓа во источниот дел на Данска. од главниот град Копенхаген, Кеге е оддалечен само 40 километри југозападно.
Релјеф: Градот Кеге се наоѓа во јужниот дел на данскиот остров Зеланд. Градското подрачје е претежно рамничарско. Надморската височина на градското средиште се движи помеѓу 0-10 метри.
Клима: Климата во Кеге е претежно умерено-континентална по големо влијание на Атлантикот и топлата голфска струја.
Води: Кеге се формирал непосредно до Балтичко Море, пред неговото стеснување во Ересундски мореуз. Старото градското езеро се формирало на место на сливот на истоимената река Кеге во морето.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Кеге било населено уште во времето на праисторијата. Населбата првпат се споменува околу 1100 година, а во 1288 година ги добило градските права.
И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.
Население
[уреди | уреди извор]Денес Кеге има околу 35.000 жители во градските граници и околу 57.000 со околните населени места.
Етнички состав: Населението на Кеге до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Крајбрежјето на Кеге
-
Главна градска црква, Црква Св. Никола
-
Градски музеј
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Кеге“ на Ризницата ? |
|