[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Дашрат Манџи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Влезот на портата Дашрат Манџи кон Гехлаур Гали

Дашрат Манџи (англиски: Dashrath Manjhi, хинди: दशरथ मांझी; роден околу 1934 - 17 август 2007 година) бил маж од Индија познат како Планински маж. Прекарот го добил поради неговиот неверојатен подвиг, имено, овој човек 22 години копал низ планината. На овој подвиг се одлучил откако неговата сопруга се повредила при преминувањето на планината. Не сакал тоа да се повтори, па почнал да копа низ планината за да не мора сопругата повторно да ја премине планината. Сите му велеле дека никогаш нема да успее, дека е сиромав човек кој треба да јаде и да работи. Со чекан и длето ја издупчил планината. По 22 години дупчење направил тунел долг 109 метри и висок 7 метри. Дури по неговата смрт луѓето почнаа да му се восхитуваат.