[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Големо Пленско Езеро (амт)

Од Википедија — слободната енциклопедија


Местоположбата на општинската заедница во двата окрузи

Големо Пленско Езеро (германски: Großer Plöner See) — општинска заедница во окрузите Плен и Источен Холштајн, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа околу градот Плен, кој е и седиште на општинската заедница, иако не е член на заедницата. Општинската заедница е именувана по Големото Пленско Езеро.

Таа е една од двете општински заедници (со Ицштет) во Германија која вклучува општини во два различни окрузи, но тука само Бозау се наоѓа во Источен Холштајн.

Општинската заедница Големото Пленско Езеро се состои од следниве општини:

  1. Бозау (округ Источен Холштајн)
  2. Дерзау
  3. Дерник
  4. Гребин
  5. Калибе
  6. Лебраде
  7. Немтен
  8. Ранцау
  9. Ратјенсдорф
  10. Витмолт