Волгаст
Волгаст | |
Старото градско собрание на Волгаст | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Грајфсвалд |
Месна заед. | На Пенештром |
Градоначалник | Штефан Вајглер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 61,52 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 12.055 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 196 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OVP |
Пошт. бр. | 17438 |
Повик. бр. | 03836 |
Портал | www.wolgast.de/ |
Местоположба на градот Волгаст во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд | |
Координати | 54°03′N 13°46′E / 54.050° СГШ; 13.767° ИГД |
Волгаст (германски: Wolgast) — град во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на брегот на реката Пенештром, ракав на реката Одра, наспроти островот Узедом, до кој може да се дојде со автомобил и воз преку подвижен мост наречен „Сино чудо“ (Blaues Wunder). Градот претставува административно седиште на општинската заедница На Пенештром.
Историја
[уреди | уреди извор]Претходник на денешниот град Волгаст била словенското вендско упориште сместено на остров во рамките на преминот Пенештром.[2] Современите извори ја нарекуваат со разни имиња и различен начин на пишување.[3] Нејасно е на кое од племињата забележани во областа припаѓало населението во градот, Велети/Љутичи или Рујани.[4] Во 1123/24, принцот Хенрих на Ободритите го користел упориштето како отскочна даска во неговата борба против Рујаните.[5]
Во 1128, откако померанскиот војвода Вартислав I ја презел областа, Вендите биле христијанизирани од Ото Бамбершки при неговата втора мисија во Померанија, додека Вартислав бил исто така присутен во упориштето.[6] Во овој контекст, Волгаст бил опишан како opulentissima civitas од хроничарот Ебо, меѓутоа е нејасно дали ова треба да се чита со значење на богат или силен „замок“ или „град“.[7] Ото го уништил локалниот храм посветен на Геровит, бог на војната, и го заменил со црква.[8] Тезата дека оваа прва црква била претходник на денешната црква Св. Петар сè уште не е потврдена.[9]
Волгаст станал седиште на померанскиот кастелан,[2] и имал важна улога во XII век за време на војните помеѓу Померанците, Рујаните и Данците.[9] Во 1162, Волгаст бил нападнат од здружената данско-рујанска флота и привремено го прифатил данското сузеренство.[10] Во 1164, при Битката кај Верхен, данските сили ја презеле контролата на Волгаст и оставиле мешан рујанско-померански-ободрински гарнизон откако бил воспоставен мир.[11] Сепак, Рујаните (данските сојузници) наскоро биле исфрлени од Померанците, а Ободритите (исто така дански сојузници) го напуштиле местото.[12] Данците повторно го нападнале Волгаст во летото 1167 и повторно кон крајот на 1167 или во 1168, и ја уништиле областа.[13] Во 1177, уште еден дански напад на Волгаст не успеал, но нападот бил 1179 бил успешен, иако данската флота прифатила пари наместо предавање.[14] Во 1184, Волгаст бил неуспешно поразен од Данците, но на крајот потпаднал по данска контрола во 1185, кога померанскиот војвода го прифатил данското сузеренство.[15] Додека Данците ја изгубиле контролата над поголемиот дел од Померанија во 1227, Волгаст останал под данска власт до 1241/43 или 1250.[16]
На копното спроти островот со замокот бил изграден нов плански град при доселувањето на Гермаците.[17] Не е познато кога точно Волгаст ги добил градските права, иако неговото постоење е потврдено во писмо напишано во или пред 1259.[18] Првичните права биле доделени од померанските војводи во тоа време, Вартислав III и Барним I и потврдено во 1282 од војводата Богислав IV.[19]
Волгаст бил резиденција на померанските војводи од 1285 до исчезнувањето на Померанската династија во 1637.[20] Главен град на Померанија-Волгаст, долго време посебен дел во војводството, Замокот Волгаст бил изграден во ренесансен стил на островот, кој оттогаш бил наречен остров на замокот.[21] Војводската линија на Померанија-Волгаст исчезнала кога Филип Јулиус умрел без наследник.[22]
Во текот на Триесетгодишната војна, Шведското царство го окупирало Волгаст во 173- и останал дел од Шведска Померанија до 1815. Поранешната војводски дворец скапувал, а градот бил запален во 1713 од руските сили во текот на Големата северна војна, како одмазда за шведскиот палеж во Алтона.[20] Само црквата, четири капели и уште четири други градби биле поштедени од пожарот.[20] Поголемиот дел од Стариот град затоа потекнуваат од XVIII и XIX век,[21] додека градското собрание било обновено по пожарот во барокен стил.[20]
По шведското повлекување од Померанија во 1815, градот станал дел од пруската покраина Померанија. Последните остатоци од замокот биле отстранети во 1849.[21] Волгаст просперирал во текот на XIX век како пристаниште за трговија со жито.[20]
Волгаст го изгубил статусот на главен град на истоимениот округ на 12 јуни 1994, кога округот бил припоен кон новиот округ Источна Западна Померанија, кој во 2011 станал дел од новосоздадениот округ Западна Померанија-Грајфсвалд во 2011.
Музеи
[уреди | уреди извор]Историјата на градот е прикажана во Историскиот музеј на градот (Stadtgeschichtliches Museum) во градба на самиот плоштад, која е наречена Кафеџилница (Kaffeemühle).[21] Поранешната куќа на сликарот Филип Ото Рунге е исто така музеј, кој сега е именуван во негова чест (Rungemuseum).[21]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
- ↑ 2,0 2,1 Шмит, Родерих (22009): Das historische Pommern, („Историската Померанија“) Келн, стр. 159.
- ↑ Prüf. Vita: Ologost Архивирано на 10 јули 2015 г.; Ebo III.7: Hologost Архивирано на 29 мај 2014 г.; Herbord II.39, III.4-6: Hologosta Архивирано на 29 мај 2014 г.; Helmold I.38: Woligost, Woligast Архивирано на 29 мај 2014 г.; 1140 papal bull: Wologost Архивирано на 29 мај 2014 г.; Scandinavian sources: Walagostum, Walogostum, Waløgostum, Waloguslum, Walagust, Walegusth, Walægust, Walgust, Wolgast, Wolegust, Valagust, Valegust Архивирано на 29 мај 2014 г.
- ↑ Ruchhöft, Fred (2001): Die Grenzen der sächsischen Marken im Gebiet der Ostseeslawen im 10. und 11. Jahrhundert (Baltische Studien NF 87), pp. 7-23, esp. 19 ff.
- ↑ Niemeck, Andreas (2002): Die Zisterzienserklöster Neuenkamp und Hiddensee im Mittelalter, Cologne, p. 12; Helmold I.38 Архивирано на 29 мај 2014 г..
- ↑ Шмит, Родерих (22009): Das historische Pommern, („Историската Померанија“) Келн, стр. 152, 160.
- ↑ Шмит, Родерих (22009): Das historische Pommern, („Историската Померанија“) Келн, стр. 157-158.
- ↑ Шмит, Родерих (22009): Das historische Pommern, („Историската Померанија“) Келн, стр. 158; "Slawische Religion" in TRE XXXI (2000), p. 398; Ebo III.5 ff.; Herbord III.4 f.
- ↑ 9,0 9,1 Шмит, Родерих (22009): Das historische Pommern, („Историската Померанија“) Келн, стр. 158.
- ↑ Рис, Томас (2003): Das mittelalterliche dänische Ostseeimperium (Studien zur Geschichte des Ostseeraumes IV), Odense, стр. 23-25.
- ↑ Битнер, Бенгт (2007): Die Pfarreien der Insel Rügen (Veröffentlichungen der Historischen Kommission für Pommern V 42), Cologne, pp. 33-34.
- ↑ Рис, Томас (2003): Das mittelalterliche dänische Ostseeimperium (Studien zur Geschichte des Ostseeraumes IV), Odense, p. 26.
- ↑ Рис, Томас (2003): Das mittelalterliche dänische Ostseeimperium (Studien zur Geschichte des Ostseeraumes IV), Odense, pp. 27-28.
- ↑ Рис, Томас (2003): Das mittelalterliche dänische Ostseeimperium (Studien zur Geschichte des Ostseeraumes IV), Odense, p. 41.
- ↑ Рис, Томас (2003): Das mittelalterliche dänische Ostseeimperium (Studien zur Geschichte des Ostseeraumes IV), Odense, pp. 44-45.
- ↑ Рис, Томас (2003): Das mittelalterliche dänische Ostseeimperium (Studien zur Geschichte des Ostseeraumes IV), Odense, p. 48.
- ↑ Müller-Mertens, Eckhard (1999): Stadtgründungen ... in Riis et al.: Stadtwerdung und städtische Typologie des Ostseegebietes bis zur Mitte des 18. Jahrhunderts (Studien zur Geschichte des Ostseeraumes III), Odense, pp. 113-150; esp. 121.
- ↑ Schmidt, Roderich (22009): Das historische Pommern, Cologne, p. 160.
- ↑ Schmidt, Roderich (22009): Das historische Pommern, Cologne, pp. 160-161.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 20,3 20,4 Berger (2008), p.361
- ↑ 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 Dubilski (2003), p.173
- ↑ Wolgast (1995), p.217
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Волгаст“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
|