Бурос
Бурос е град во југозападниот дел на Шведска. Градот се наоѓа во областа Вестра Јеталанд, каде што е втор најважен град. Бурос истовремено е и седиште на истоимената општина.
Природни услови
[уреди | уреди извор]Градот Бурос се наоѓа во југозападниот дел на Шведска и Скандинавскиот Полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен 410 километри, југозападно. Од првиот поголем град, Гетеборг, оддалечен е за 60 км на исток.
Релјеф : Бурос се развил во областа наречена Западен Јеталанд. Градската област е со мошне разнишано тло. Надморската височина на градот изнесува околу 140 м.
Климата во Бурос е континентална со влијание на морето и Голфската струја. Затоа, зимите се поблаги, а летата се посвежи во однос на географската широчина.
Води : Бурос се наоѓа на реката Вискан, која се движи низ градот и предсставува негов симбол. Бреговите на реката се убааво средени и претставуваат туристичка атракција.
Историја
[уреди | уреди извор]Областа Бурос била населена уште во праисторијата. Населбата која била формирана во средниот век, добила градски права во 1621 година, а истите ги дал шведскиот крал Густав II Адолф.
Бурос четири пати бил оштетен поради големи пожари : 1681, 1727, 1822 и 1827 година.
Бурос доживува брз развој во втората половина на 19 век со појавата на индустријата и железницата. Градот е во развој сѐ до денес.
Население
[уреди | уреди извор]Бурос денес е град со средна големина. Има околу 66.000 жители (податоци од 2010 година), а градското, урбано подрачје т.е. истоимената општина има околу 104.000 жители (податоци од 2012 г.). Населението во градот благо се зголемува во последните децении.
До средината на 20. век Бурос го населувале исклучиво Швеѓаните. Меѓутоа, со зголемувањето на имиграцијата во Шведска, населението во градот станало поразновидно.
Економија
[уреди | уреди извор]Денес, Бурос е модерен град со развиена индустрија, особено хај-тек индустријата (има значајни „Ериксон “ погони во градот). Во последните две децении особено се развија трговијата и туризмот.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Градска пешачка улица
-
Главната градска црква, црквата Св. Карла
-
Брегот на Бурос
-
Спортска сала „Бурос Арена“