[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Бостонските адвокати

Од Википедија — слободната енциклопедија

Динамична, на моменти и цинична серија која гледачите ги води низ ситуации во кои се судираат социјалните и моралните вредности, од една страна, и потрагата по лична среќа и пари од друга страна.

Главните ликови во серијата работат во адвокатската канцеларија” Крејн, Пул и Шмит” во која се вработени најдобрите бостонски правници. Тие, честопати, во одбрана на своите клиенти се служат со неконвенционални методи кои понекогаш излегуваат од законските рамки.

Ширли Смит (Кендис Берген) е одличен адвокат , еден од основачите на “ Крејн, Пул и Шмит” и е задолжена за најкомпликуваните случаи.

Дени Крејн ( Вилијам Шатнер) е исто така еден од основачите на канцеларијата, кој не изгубил ниту една парница во својата адвокатска кариера, ексцентричен, елоквентен и харизматичен, кој секогаш наоѓа начин да ја придобие наклоноста на судиите и поротата. Со Ширли одамна имал врска, но и по 25 години и понатаму е заљубен во неа.

Алан Шор( Џејмс Спајдер) е млад, амбициозен а понекогаш и арогантен во адвокатските игри, но исклучително чесен и хуман човек, кој цврсто верува во своите постапки( од морален и етички аспект), а најдобар пријател му е Дени. Пред судницата е убедлив и неговите завршни зборови честопати го одредуваат исходот на спорот.

Серијата „Бостонските адвокати“ во Македонија се емитува на државната телевизија МТВ 1