[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Амалтеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Амалтеја и Зевс, од Јаков Јорденс

Амалтеја (грчки: Αμαλθεια) е лик од старогрчката митологија. Таа го одгледала Зевс, откако неговата мајка Реја го скрила, за да не биде изеден од страна на татко си Хрон, нешто што претходно им се случило на останатите браќа и сестри на Зевс. Понекогаш, таа е претставена како коза, која го одгледала Зевс во една пештера во Крит[1], а понекогаш и како нимфа][2], која го одгледала со козјо млеко.

Според легендата, Зевс еднаш случајно и го скршил рогот на Амалтеја. Поради ова, тој и ветил дека кога ќе го победи својот татко, нејзините рогови ќе ги направи такви што од нив ќе може да извира секакво богатство. Така и станало. По победата, од нејзините рогови започнале да излегуваат разни видови на плодови, жито, и слично. Од овде доаѓа и изразот Рог на изобилството.

  1. Хесиод. Теогонија, 484.
  2. For the primitive Amalthea as the goat rather than the goat-herding nymph, see R.W. Hutchinson, Prehistoric Crete (1962:202).