[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Алатив

Од Википедија — слободната енциклопедија

Алативот е граматички падеж и е еден вид локатив кој се користи во неколку јазици. Поимот алатив, општо гледано, се користи за падежот латив со кој е сличен.

Фински јазик

[уреди | уреди извор]

Во финскиот јазик алативот е петти локативен падеж со основно значење „на“. Падежот се образува со додавање на наставка -lle, па така на пример има pöytä (маса) кое во алатив е pöydälle (на масата). Додатно на тоа, алативот е логички парник на адесивот кога се искажува нешто со значење „да се биде околу местото“

Покрај алативот, во финскиот и естонскиот јазик опстојуваат и следните локативни падежи:

Балтички јазици

[уреди | уреди извор]

Во литванскиот и летонскиот јазик се користел во минатото, но денес не е дел од модерните стандардни јазици. Во литванскиот јазик за алатив се додавала наставка -op, додека во летонскиот -up. Денес, во овие јазици можат да се сретнат остатоци од падежот кои се црвсти сврзани во одредени фрази.

Латински јазик

[уреди | уреди извор]

Акузативот во латинскиот јазик за градови и мали острови, кој се користи за движење кон нешто[1], ја има истата функција како алативот.

  1. Allen and Greenough, sect. 427

Поврзано

[уреди | уреди извор]