[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Subversion

Од Википедија — слободната енциклопедија
Subversion
Програмер:CollabNet
Почетно издание:Предлошка:Initial-release
ОС:Cross-platform
Намена: Контрола на ревизии
Лиценца:Apache лиценца
Мреж. место: http://subversion.tigris.org/

Subversion — систем со отворен код за контрола на верзии.[1] Со него може да се управуваат податотеки и именици, како и промените што се прават над нив. На него може да се гледа како на „временска машина“ со која може да се гледаат верзиите на документите во одредено време и да се следи текот на нивните промени. Тој претставува општ систем за контрола на верзии со кој може да се управуваат различни видови на податотеки.

Овој систем може да работи низ локални мрежи и Internet, користејќи различни безбедносни и мрежни протоколи, што го прави лесен и практичен за употреба од страна на различни луѓе кои работат на различни компјутери. Можноста различни луѓе да користат, менуваат и управуваат исто множество на податоци од различни локации наметнува колаборација. Тоа практично значи дека процесите може да се одвиваат побрзо, бидејќи не постои единствен канал преку кој мора да поминат сите промени. Бидејќи работата на сите корисници е зачувана во соодветни верзии, не постои опасност за губење на податоците во случај на грешка.

Дефиницијата за колаборативни компјутерски системи потполно го опфаќа Subversion:

  • Корисниците работат заедно со цел за пресретнување на одредени заеднички цели
  • Не постојат водичи, туку сите корисници се еднакви
  • Контролата е децентрализирана
  • Постои самокритика на однесувањето и комуникацијата (секој од корисниците е задолжен промените што ги прави да ги синхронизира со најновата up-to-date верзија)

Со овој систем е овозможена колаборацијата на луѓето кои го користат, а сето тоа е реализирано со соработка на компјутерски системи.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Pilato C., Michael (2008). Version Control with Subversion For Subversion 1.5. Stanford, California USA.