[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

hCard

Од Википедија — слободната енциклопедија

hCard е микроформат за објавување на контактни податоци на поединци, фирми, организации и места, во (X)HTML, Atom, RSS или произволно XML-означување. Микроформатот hCard ова го прави претставувајќи својства и вредности од својства и вредности од vCard на начин „1:1“(RFC 2426), кои се укажуват со HTML-класи и атрибути rel.

Тоа им овозможува на алатките за расчленување (информатика)|расчленување (на пр. други мрежни места или додатокот Operator за Firefox) да извлекуваат податоци и да ги прикажуваат, кроистејќи извесни други мрежни места и картографски алатки, да ги индексираат и пребаруваат, или пак да го стават во адресар.

Во 2009 г. Google најавиле дека ќе ги расчленат микроформатите hCard, hReview и hProduct за резултатите при пребарување.[1] Во септември 2010 Google најавиле дека сакаат да истакнуваат, информации од hReview со hCard во резултатите од локалните пребарувања.[2] Во февруари 2011, Facebook почнал да истанува hCard за означување на местата на одржување настани[3].

Еве HTML-код:

 <ul>
   <li>Петар Петровски</li>
   <li>Пеце</li>
   <li>Пример Комерц</li>
   <li>604-555-1234</li>
   <li><a href="http://primer.com.mk/">http://primer.com.mk/</a></li>   
 </ul>

Означувајќи го со код за микроформат, добиваме:

 <head profile="http://www.w3.org/2006/03/hcard">
 ...
 </head>
 ...
 <ul class="vcard">
   <li class="fn">Петар Петровски</li>
   <li class="nickname">Пеце</li>
   <li class="org">Пример Комерц</li>
   <li class="tel">604-555-1234</li>
   <li><a class="url" href="http://primer.com.mk/">http://primer.com.mk/</a></li>
 </ul>

Тука, форматираното име (fn), организација (org), телефонски број(tel) и мрежна адреса (url) се укажуваат со поединечни класни називи; и сето се обвиткува со class="vcard", што означува дека другите класи образуваат hcard, и не се случајно именувани. Ако hCard-от се коисти за организација или место на одржување, класите fn и org се применуваат наистиот елемент, како во <span class="fn org">Википедија</span> или <span class="fn org">Универзална Сала</span>. Постојат и други незадолжителни класи за hCard.

Денешната програмска опрема (како на пр. приклучоците за прелистувачи) може да ги извлекува информациите и да ги пренесе во некој друг промски прилог, како да речеме адресар.

Микроформатот Geo е дел од спецификацијата на hCard, и честопати се среќава како содржател на координатите на местоположбата на она што е на hCard-от.

Делот adr може да се користи и како самостоен формат.

Вистински пример

[уреди | уреди извор]

Еве ги контактните податоци на Фондацијата Викимедија, во облик на вистинскиот hCard:

Wikimedia Foundation Inc.
149 New Montgomery Street, 3rd Floor
San Francisco, CA 94105
USA
Phone: +1-415-839-6885
Email:
Fax: +1-415-882-0495

Искористено е следново означување (обвиткано за читливост):

 <div class="vcard">
   <div class="fn org">Wikimedia Foundation Inc.</div>
   <div class="adr">
     <div class="street-address">149 New Montgomery Street, 3rd Floor</div>
     <div> <span class="locality">San Francisco</span>, <span class="region">CA</span> <span class="postal-code">94105</span></div>
     <div class="country-name">USA</div>
   </div>
   <div>Phone: <span class="tel">+1-415-839-6885</span></div>
   <div>Email: <span class="email">info@wikimedia.org</span></div>
   <div>
     <span class="tel"><span class="type">Fax</span>: 
     <span class="value">+1-415-882-0495</span></span>
   </div>
 </div>

(обично би употребиле

 <abbr class="region" title="California">CA</abbr>

за изводот да содржи region="California", но Википедија не го поддржува елементот abbr.) Можеме да забележиме дека во овој пример, својствата за формално име (fn) и организација (org) се здружени во еден елемент, и со тоа се гледа дека ова е hCard за организација, а не физичко лице.

Други атрибути

[уреди | уреди извор]

Еве други позастапени атрибути:

  • bday - датум на раѓање на лицето
  • email
  • honorific-prefix
  • honorific-suffix
  • label - за неразложени адреси (напишани во еден ред)
  • logo
  • nickname
  • note - слободен текст
  • photo
  • post-office-box

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Goel, Kavi; Ramanathan V. Guha, Othar Hansson (12 мај 2009). „Introducing Rich Snippets“. Google Webmaster Central Blog. Google. Посетено на 25 мај 2009.
  2. Blumenthal, Mike (22 септември 2010). „Google Announces Full Support for Microformats in Local“. Understanding Google Maps. Посетено на 30 септември 2010.
  3. Protalinski, Emil (18 февруари 2011). „Facebook adds hCalendar and hCard microformats to Events“. ZDNet. Посетено на 24 март 2011.
  • Allsopp, John (2007). Microformats: Empowering Your Markup for Web 2.0. Berkeley: Friendsof. стр. 125. ISBN 1590598148.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]