Ситна леќа или волфија (науч.Wolffia) — род на 9 до 11 видови кои претставуваат цветни растенија на светот. Тие се водни растенија налик на снегулки од пченкарно брашно кои плутаат по површината. Ситнат леќа е слободнопловен талус, по боја зелен или жолто-зелен, без никакви корења. Цветот на растението излегува во вдлабнатина на горната површина од расатението. Има еден прашник и еден толчник. Поединечните билки често пловат во парови или пак образуваат пловечки ќилим заедно со сродни растенија како водната леќа (Lemna) и коренестата водна леќа (Spirodela). Речиси сите видови се мошне широко распространети ширум неколку континенти. Ситната леќа се состои од 40% белковини, (исто колку и сојата), и со тоа е добар извор на високопротеинска исхрана. Во Азија, уште од дамнешни времиња ситната леќа се собира и користи во исхраната.
Armstrong, W. (2005) Wayne Armstrong's treatment of the Lemnaceae. [1]Архивирано на 16 мај 2012 г..
Cross, J.W. (2006). The Charms of Duckweed. [2]Архивирано на 21 мај 2012 г.
Landolt, E. (1986) Biosystematic investigations in the family of duckweeds (Lemnaceae). Том 2. The family of Lemnaceae - A monographic study. Дел 1 од монографијата: Morphology; karyology; ecology; geographic distribution; systematic position; nomenclature; descriptions. Veröff. Geobot. Inst., Stiftung Rübel, ETH, Zurich.