VLC media player
Програмери | VideoLAN Project |
---|---|
Првично издание | 1 February 2001 |
Прог. јазик | C, C++, Objective-C using Qt |
Опер. систем | GNU, Linux, Windows 2000 SP4 or later, Mac OS X 10.5 or later, FreeBSD, Syllable, OS/2, BeOS [1] |
Јазици | 53 languages |
Вид | Media player |
Лиценца | GNU General Public License v2 or later |
Мреж. место | videolan.org/vlc |
ВидеоЛан е проект, воден и составен од тим на доброволци кои веруваат во моќта на слободниот проток кога станува збор за мултимедијата.
ВидеоЛан како непрофитна организација ВидеоЛан проектот е поддржан од ВидеоЛан огранизацијата со седиште во Франција. Непрофитната огранизација ВидеоЛан има комитет и членови кои се дел од ВидеоЛан проектот. Моменталното раководство на ВидеоЛан е составено од: • Претседавач: Жан Батист Кемпф • Благајник: Реми Дурафорт • Секретар: Антоан Целериер
Слободен Проток ВидеоЛан произведува бесплатен софтвер за мултимедија, издаван под лиценцата GNU GENERAL PUBLIC LICENSE.
Вдомувани проекти ВидеоЛан вдомува многу бесплатни проекти, поврзани или не со ВЛЦ. За списокот на проекти проверете овде: http://www.videolan.org/projects/
Спонзорство ВидеоЛан е благораден за сите спонзорства кон проектот! Можете да придонесете пари, а може и временски материјал(развивање, документација, составување, тестови, корисничка поддршка..)
Настани Постојано се трудиме да присуствуваме на компјутерски настани како ФОСДЕМ(Европски митинг за девелопери на слободен проток и бесплатен софтвер). Најчесто се враќаме со некои слики и приказни.
Историјат Проектот е започнат како студентски проект во Франција во Централната Школа на Париз во 1996. После целосна преработка во 1998, тој премина во Слободен Проток, благодарение на договорот од Централната Париска Школа во 2001. Проектот започна да се отвора и за дизајнери надвор од Школата. Сега е светски проект со дизајнери од 20 земји. Уште од 2009, проектот е комплетно одделен од Париската Централна Школа, и е поддржан од автономна непрофитабилна организација.
Контакт Ве молиме прочитајте ја контакт страната(http://www.videolan.org/contact.html) и обратете се за некоја потреба, прашање или забелешка.
ВЛЦ медија плеер
ВЛЦ медија плеерот е бесплатен со отворен проток медиа плеер како и мултимедијална мрежна рамка, дизајниран од ВидеоЛан проектот. ВЛЦ е пренослив мултимедијален читач, енкодер и стример, кој поддржува многу аудио и видео кодеци, формати како и ДВДеа, ЦДеа и разни крајни стрим протоколи. Има можност да стримува(да води константен проток на информации) преку мрежи и да транскодира мултимедијални податотекаови како и да ги зачувува во различни формати. ВЛЦ првично беше кратенка за ВидеоЛан Клиент, но откако ВЛЦ стана повеќе од само клиент, не се користи повеќе целосното име. Тој е преку - платформски медија плеер(читач,снимач...) со верзии за Микрософт Виндоуз, Макинтош, Линукс, Беос, Морфос, БСД, Соларис, иОС и еКом - станицата. Стандардната дистрибуција на ВЛЦ содржи голем број на бесплатни декодирачки и енкодирачки библиотеки, одбегнувајќи ја потребата од пребарување и подесување на разните плаг-ин-и(додатоци на самиот производ). Многу ВЛЦ кодеци се овозможени преку библиотеката либавкодек на ФФмпег проектот, но најчесто си ги користат своите мултиплекси и демултиплекси(економизација на информациите..). ВЛЦ ја доби и препознатливоста како прв читач кој поддржува плејбек на енкриптирани ДВДеа на Линукс, користејќи ја либдвдцсс ДВД декриптивната библиотека.
Особини Бидејќи ВЛЦ е медија плеер заснован на пакети, може да чита видео содржини и од некои оштетени, нецелосни или незавршени видеа.(На пример, податотекаови кои се симнуваат преку П2П мрежи). Исто така може да чита м2т МПЕГ транспортни стрим(.ТС) податотекаови додека тие се дигитализирани од ХДВ камера преку ФајрВајр(ИЕЕЕ 1394 интерфејс) кабел, овозможувајќи да се гледа видеото исто како да е пуштено. Исто така читачот може да користи либцдио за да отвора .исо податотекаови со тоа што, корисниците можат да пуштаат податотекаови од компресиран диск иако, нивниот оперативен систем може да не работи директно со .исо податотекаови. ВЛЦ ги поддржува сите аудио и видео формати како и сите податотека формати поддржани од либавкодек и либавформат. Ова значи дека ВЛЦ може да чита Х.264 или МПЕГ-4 видеа како и да gi поддржува ФЛВ и МХФ податотека форматите “надвор од кутијата” користејќи gi ФФмпег -овите библиотеки. ВЛЦ е еден од слободните протоци и софтвер ДВД читачи кои го игнорираат ДВД регионалното кодирање на РПЦ-1 фрмвар драјвовите. ВЛЦ медија читачот има филтри кои можат да сменат, ротираат, поделат, претворат, дуплираат, да прават десктоп дисплеи или да додаваат логоа. Можат и да произведат видео како АСЦИИ арт. ВЛЦ медија плеерот може да пушта снимки со висока резолуција од Д-ВХС касети, дуплицирани на компјутер преку КапДВХС.ехе. Ова дава поинаков начин за архивирање на сите Д-ВХС касети со бесплатното лого на ДРМ копија. Користејќи ФајрВајр врска од жични кутии до компјутери, ВЛЦ може да стрима неенкриптирана содржина во живо на монитори или ХДТВ. ВЛЦ медија плеерот може да го прикаже пуштеното видео како десктоп позадина, како Виндоуз Дрим сцена, користејќи го ДиректХ, но e само поддржан od Виндоуз оперативни системи. ВЛЦ медија плеерот може да фаќа кратки аудио клипови и да ги снима на десктопот(pozadinata). На Микрософт Виндоуз, ВЛЦ исто така ја поддржува и ДМО(Директ Медија Објект) рамката, а со тоа, може да користи и ДЛЛ-ови од 3 странка. На повеќето платформи, ВЛЦ може да се користи за да се слушаат или гледаат ДВБ-Ц, ДВБ-Т и ДВБ-С канали. На Макинтош, се бара одвоениот АјТВ додаток, а на Виндоуз се бараat само БДА драјверите од картичката. ВЛЦ може да е инсталирано или да се користи директно од флеш или друг надворешен драјв. ВЛЦ може да се прошири преку скриптирање. Го користи Луа скриптирачкиот јазик. ВЛЦ може да пушта видеа во АВЦХД форматот, високо компресиран формат што се користи во најновите ХД камкордери. ВЛЦ може да генерира и голем број на музички визуализации како дисплеј.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„VLC media player“ на Ризницата ? |