Источноевропско време
Изглед
(Пренасочено од EEST)
сино | Западноевропско време (UTC+0) Западноевропско летно време (UTC+1) |
светлосино | Западноевропско време (UTC+0) |
црвено | Средноевропско време (UTC+1) Средноевропско летно време (UTC+2) |
беж | Источноевропско време (UTC+2) Источноевропско летно време (UTC+3) |
жолто | Калининградско време (UTC+2) |
зелено | Московско време (UTC+3) |
Источноевропското време (EET) — назив за часовниот појас UTC+2, 2 часа пред координираното универзално време. Се користи во извесни земји во Источна Европа. За летно сметање на времето се користи источноевропското летно време (UTC+3).
Употреба
[уреди | уреди извор]Источноевропското време се користи во следниве земји, делови или територии (само зиме):
- Белорусија (во 1922-30 и од 1991-2011)
- Бугарија (од 1894 наваму)
- Грција (од 1916 наваму)
- Египет
- Естонија (во 1921-40 и од 1989 наваму)
- Израел (од 1948 наваму)
- Јордан (во 1985-2022)
- Кипар
- Латвија (во 1926-40 и од 1989 наваму)
- Либан
- Литванија (во 1920 и од 1989 наваму, освен 1998-1999)
- Молдавија (во 1924-40 и од 1991 наваму)
- Палестински територии
- Романија (од 1931 наваму)
- Сирија (во 1983-2022)
- Турција (во 1910-78 и од 1978-2022)
- Украина (во 1924-30 и од 1990 наваму)
- Финска (од 1921 наваму)
Во Москва EET се користело во 1922-1930 и 1991-1992 г. Во Полска ова време се користело во периодот 1918-1922 г.
За време на II светска војна Германија го применувала средноевропското време (MET или CET) во источните окупирани територии.