[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Опашка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Опашка од лав

Опашката е дел од задниот крај на телото на животните; општо, терминот се однесува на посебен, флексибилен додаток на торзото. Тоа е дел од телото кој одговара приближно на крстот и опашната коска кај цицачите, рептилите и птиците. Опашката, првенствено е одлика на ’рбетниците и некои безрбетници, вклучувајќи ги и скорпиите, полжавите или голите полжави кои имаат додаток што наликува на опашка.

Функции на опашката

[уреди | уреди извор]
Alopex lagopus, арктичка лисица спие покриена со опашката како со ќебе

Опашките се користат на различни начини и во различна функција. Тие обезбедуваат движење за рибите и некои други форми на морски животни. Многу копнени животни ја користат опашката за бркање муви и други инсекти што ги гризат. Некои видови, пак, вклучувајќи ги мачките и кенгурите, ги користат своите опашки за рамнотежа, а други, како на пример, мајмуните ги користат за фаќање и држање за гранките.

Опашките, исто така, се користат за социјална сигнализација. Некои видови елени блеснуваат со белото на долната страна на опашката за да ги предупредат другите елени што се во близина на можна опасност. Кучињата, пак, со својата опашка покажуваат емоции. И структурата на опашките е различна. Кај некои видови, таа е оклопна, а кај некои дури и отровна (кај скорпиите).

Некои видови гуштери можат да ја „откачат“ својата опашка од телото. Ова може да им помогне да избегаат од грабливците, кои се или расеани од прпелкањето на одвоената опашка, или да останат само со опашката како плен, а гуштерот да избега. Обично, отфрлениот дел од опашката на гуштерите повторно им расте, но бојата на новата опашка е потемна.

Опашките на повеќето птици завршуваат со долги пердуви кои се викаат ректрични. Тие се користат како кормило, помагајќи ѝ на птицата да се насочи и да управува со летот, а, исто така, им помогаат на птиците да балансираат, кога се перчат на гранки. Кај некои видови, како што се рајските птици, а особено пауните, пердувите на опашката играат важна улога во додворувачките прикази. Кај некои видови, опашките се особено вкочанети, како кај клукајдрвците, што им овозможува цврста потпора на дрвјата.

Опашките на тревопасните животни, како коњите, на пример, се користат за двете работи, и за бркање инсекти, и за покажување емоции.

  • кратка - опашката на зајаците и елените;
  • за фаќање - опашка која служи за фаќањеми држење за објекти, како оние на мајмуните, глувците и змиите.

Човечки опашки

[уреди | уреди извор]

Човековиот ембрион има опашка која е една шестина од големината на ембрионот.[1] Како што ембрионот се развива во фетус, опашката се апсорбира од растечкото тело. Па така, опашката станува атрофиран дел од телото.[2][3] Не многу често, но се случува бебе да се роди со „мека опашка“, која не содржи пршлени, туку само крвни садови, мускули и нерви, но има и неколку документирани случаи опашките да содржат 'рскавица или до пет пршлени.[4]

Луѓето имаат „опашна коска“ како дел од карлицата, формирана од сплотени прешлени, обично четири, на дното на ’рбетниот столб. Таа не е излегува нанадвор.

Во фолклорот

[уреди | уреди извор]
  • Јапонците имаат традиција дека некои животни може да станат духови со стекнување дополнителни опашки и на тој начин се здобијат со натприродни моќи;
  • во некои делови на светот опашката од вол се користи од страна на шаманите за имплементација на благословувачките ритуали;
  • суеверието прикажано во постарите цртани филмови вели дека истурањето сол на опашката на птица ќе ја спречи да лета;
  • во холандскиот јазик, знакот @ се нарекува Apenstaartje, буквално преведено како мајмунска опашка, а во македонскиот се нарекува мајмунче;
  • во Македонија, малите дечиња се подлажуваат со суеверието дека ако пијат кафе, ќе им порасне опашка.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Human fetuses have tails, proving that evolution is true“. The Free Lance-Star. July 5, 2005. Архивирано од изворникот на 2012-07-11. Посетено на 2009-04-28.
  2. „Human tail–caudal appendage: tethered cord“. Nature (journal). February 1, 2008. Посетено на 2009-04-28.
  3. „The 'human tail' causing tethered cervical cord“. Nature (journal). November 14, 2006. Посетено на 2009-04-28.
  4. doi:10.1111/j.1525-1470.1995.tb00174.x
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно