Нежна кожа
Изглед
„Нежна кожа“ (француски: La peau douce) — филм на режисерот Франсоа Трифо од 1964 година. Трифо е автор и на сценариото, заедно со Жан-Луј Ришар (Jean-Louis Richard). Главните улоги ги играат: Жан Десаи (Jean Desailly), Франсоаз Дорлеак (Françoise Dorléac) и Нели Бенедети (Nelly Benedetti). На Канскиот филмски фестивал филмот бил номиниран за главната награда, „Златна палма“.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Пјер Лашени е познач издавач на книги и предавач. Тој е во брак со Франка со која ја има десетгодишната ќерка Сабин. Меѓутоа, кога ја запознава стјуардесата Никол, тој почнува вонбрачна врска и никако не може да се одвои од неа...