Латвијци
Латвијците или Летонците (латвиски: latvieši) се балтички народ кој воглавно ја населува европската држава Латвија. Мајчин јазик на Латвијците е латвијскиот јазик.
Историја
[уреди | уреди извор]Латвијците самите себеси понекогаш се нарекуваат со старото име Latvji, кое најверојатно потекнува од зборот latve кое е име на река за која се претпоставува течела во источна Латвија. Подоцна, на територијата на Латвијците се доселило финското племе Ливонци и тогаш зборот за нацијата се модифицирал во Latvis, што значи „чистачи на шума“. Германските колонизатори се доселиле во регионот и започнале да го именуваат народот како Lette, а нивната територија ја нарекле Ливленд. Латинското име Ливонија, постепено почнало да се користи за целиот регион на денешна Латвија. Денес, Латвијците и Литванците се единствените живи балтички народи.
Наводи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]- Латвија
- Балтички народи
- Латгалци
- Курши
- Земгали
Оваа статија за Латвија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.
|