[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Инти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Приказ на Инти според Хосе Бернардо де Тагле од Перу.
Инти или Мајско сонце дел од знамето на Аргентина.
Инти или Мајско сонце дел од знамето на Уругвај.

Инти е лик од митологијата на Инките и бил бог на сонцето и заштитник на луѓето. Тој се сметал за најзначаен бог. Потеклото на Инти не е сосема познато, но се смета за син на Виракоча, богот на цивилизацијата.

Чествување

[уреди | уреди извор]

Сонцето бил најважен аспект од животот бидејќи тоа овозможувало топлина и светлина. Поради тоа, Инти е познат и како Давач на живот. Тој бил чествуван од фармери, кои се потпирале на сонцето за да имаат добра жетва. Иако бил второ божество веднаш по Виракоча, тој добивал најмногу подароци од луѓето. Богот Сапа , како владетел на луѓето, тврдел диркетно потомство од сонцето.

Инти Рајми

[уреди | уреди извор]

Фестивалот Инти Рајми, кој бил посветен на богот на сонцето и привлекувал многу туристи во античкиот град во Перу - Куско. Фестивалот се одржувал за време на зимската рамноденица, односно тогаш 24 јуни. На кечуански јазик, фестивалот значи „воскреснување на сонцето“ или „патот до сонцето“. На фестивалот покрај останатите учствувале и воени официри, владини претставници и вазали облечени во најдобрите костуми припратени со нивното оружје и инструменти.

Чествување на фестивалот започнувало со тридневен пост и луѓето не користеле никакво светло (оган) и се труделе да немаат сексуален контакт. Самиот фестивал траел девет денови и за време на тие денови луѓето консумирале многу храна и пиење. Покрај тоа, на првиот ден имало и жртвувања.

Поврзано

[уреди | уреди извор]