1928
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1928 (MCMXXVIII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1928 година од новата ера, 928. од вториот милениум, 28. од XX век и деветта од 1920-тите.
Грегоријански календар | 1928 MCMXXVIII |
Ab urbe condita | 2681 |
Ерменски календар | 1377 ԹՎ ՌՅՀԷ |
Асирски календар | 6678 |
Бахајски календар | 84–85 |
Балиски календар | 1849–1850 |
Бенгалски календар | 1335 |
Берберски календар | 2878 |
Будистички календар | 2472 |
Бурмански календар | 1290 |
Византиски календар | 7436–7437 |
Кинески календар | 丁卯年 (огн. зајак) 4624 или 4564 — до — 戊辰年 (зем. змеј) 4625 или 4565 |
Коптски календар | 1644–1645 |
Етиопски календар | 1920–1921 |
Еврејски календар | 5688–5689 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1984–1985 |
- Сачка ера | 1849–1850 |
- Кали-југа | 5028–5029 |
Холоценски календар | 11928 |
Игбоански календар | 928–929 |
Ирански календар | 1306–1307 |
Исламски календар | 1346–1347 |
Јапонски календар | Шова 3 (昭和3年) |
Јавански календар | 1858–1859 |
Џуче-календар | 17 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4261 |
Мингуо-календар | Р. Кина 17 民國17年 |
Нанакшахи | 460 |
Тајландски сончев календар | 2470–2471 |
Тибетски календар | 阴火兔年 (женски оган-зајак) 2054 или 1673 или 901 — до — 阳土龙年 (машка земја-змеј) 2055 или 1674 или 902 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7436 и 7437 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6678 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5688 и 5689 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2681.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1928 година се протега во 4564 и 4565, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4624 и 4625 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2471. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1346 и 1347 исламска година.
Настани
уреди- 17 јануари – Советската тајна полиција го апси Лав Троцки, кој подоцна е прогонет во Казахстан.
- 19 јануари – Се одржува Обласна конференција на ВМРО (Обединета) за Вардарска Македонија.
- 11 февруари – Отворени се Вторите Зимски олимписки игри во Санкт Мориц, Швајцарија.
- 12 март – Малта станува британски доминион.
- 20 јуни – Пратеникот на Радикалната партија, Пуниша Рачиќ, во југословенскиот парламент убива двајца опозициски пратеници Хрвати и смртно го ранува Стјепан Радиќ.
- 25 август – Ахмед Зогу се прогласува за крал на Албанија.
- 27 август – Во Париз е потпишан Бријан-Келоговиот пакт. Тоа е прв меѓународен договор со кој се забранува агресивната војна.
- 3 септември – Александар Флеминг го пронаоѓа пеницилинот.
- 7 октомври – Хајле Селасие е крунисан за крал на Абисинија.
- 5-12 ноември – Во Дрезден се одржува Четвртиот конгрес на Комунистичката партија на Југославија. Делегат од Македонија е Кочо Рацин.
- 6 ноември – На претседателските избори во САД победува републиканецот Херберт Хувер.
- 10 ноември – Хирохито е крунисан за јапонски цар.
Родени
уреди- 5 јануари – Зулфиќар Али Буто, пакистански претседател
- 28 јануари - Славко Милосавлевски, македонски социолог
- 27 февруари – Ариел Шарон, израелски премиер
- 6 март – Габриел Гарсија Маркес, колумбиски писател, нобеловец
- 28 март – Збигњев Бжежински, американски политиколог
- 4 мај - Хосни Мубарак, египетски претседател
- 30 мај - Густав Леонхарт, холандски клавијатурист и диригент
- 14 јуни - Че Гевара, јужноамерикански револуционер, еден од водачите на Кубанската револуција
- 26 јули – Стенли Кјубрик, американски режисер
- 6 август - Енди Ворхол, предводник на поп арт движењето
- 30 септември – Ели Визел, еврејски активист, нобеловец
- 7 декември - Ноам Чомски, американски јазичар и политички активист
Починале
уреди- 15 февруари – Херберт Хенри Асквит, британски премиер
- 19 мај – Макс Шелер, германски филозоф
- 4 јуни – Емелин Панкхурст, британска феминистка
- 7 јуни - Александар Протогеров, македонски револуционер
- 17 јули – Алваро Обрегон, мексикански претседател
- 8 август – Стјепан Радиќ, хрватски политичар
- 10 декември - Чарлс Рени Мекинтош, шкотски архитект