hCard
hCard е микроформат за објавување на контактни податоци на поединци, фирми, организации и места, во (X)HTML, Atom, RSS или произволно XML-означување. Микроформатот hCard ова го прави претставувајќи својства и вредности од својства и вредности од vCard на начин „1:1“(RFC 2426), кои се укажуват со HTML-класи и атрибути rel.
Тоа им овозможува на алатките за расчленување (информатика)|расчленување (на пр. други мрежни места или додатокот Operator за Firefox) да извлекуваат податоци и да ги прикажуваат, кроистејќи извесни други мрежни места и картографски алатки, да ги индексираат и пребаруваат, или пак да го стават во адресар.
Во 2009 г. Google најавиле дека ќе ги расчленат микроформатите hCard, hReview и hProduct за резултатите при пребарување.[1] Во септември 2010 Google најавиле дека сакаат да истакнуваат, информации од hReview со hCard во резултатите од локалните пребарувања.[2] Во февруари 2011, Facebook почнал да истанува hCard за означување на местата на одржување настани[3].
Пример
уредиЕве HTML-код:
<ul>
<li>Петар Петровски</li>
<li>Пеце</li>
<li>Пример Комерц</li>
<li>604-555-1234</li>
<li><a href="http://primer.com.mk/">http://primer.com.mk/</a></li>
</ul>
Означувајќи го со код за микроформат, добиваме:
<head profile="http://www.w3.org/2006/03/hcard">
...
</head>
...
<ul class="vcard">
<li class="fn">Петар Петровски</li>
<li class="nickname">Пеце</li>
<li class="org">Пример Комерц</li>
<li class="tel">604-555-1234</li>
<li><a class="url" href="http://primer.com.mk/">http://primer.com.mk/</a></li>
</ul>
Тука, форматираното име (fn), организација (org), телефонски број(tel) и мрежна адреса (url) се укажуваат со поединечни класни називи; и сето се обвиткува со class="vcard"
, што означува дека другите класи образуваат hcard, и не се случајно именувани. Ако hCard-от се коисти за организација или место на одржување, класите fn и org се применуваат наистиот елемент, како во <span class="fn org">Википедија</span>
или <span class="fn org">Универзална Сала</span>
. Постојат и други незадолжителни класи за hCard.
Денешната програмска опрема (како на пр. приклучоците за прелистувачи) може да ги извлекува информациите и да ги пренесе во некој друг промски прилог, како да речеме адресар.
Geo и adr
уредиМикроформатот Geo е дел од спецификацијата на hCard, и честопати се среќава како содржател на координатите на местоположбата на она што е на hCard-от.
Делот adr може да се користи и како самостоен формат.
Вистински пример
уредиЕве ги контактните податоци на Фондацијата Викимедија, во облик на вистинскиот hCard:
Wikimedia Foundation Inc.149 New Montgomery Street, 3rd FloorSan Francisco, CA 94105USAPhone: +1-415-839-6885Email: info@wikimedia.orgFax: +1-415-882-0495
Искористено е следново означување (обвиткано за читливост):
<div class="vcard">
<div class="fn org">Wikimedia Foundation Inc.</div>
<div class="adr">
<div class="street-address">149 New Montgomery Street, 3rd Floor</div>
<div> <span class="locality">San Francisco</span>, <span class="region">CA</span> <span class="postal-code">94105</span></div>
<div class="country-name">USA</div>
</div>
<div>Phone: <span class="tel">+1-415-839-6885</span></div>
<div>Email: <span class="email">info@wikimedia.org</span></div>
<div>
<span class="tel"><span class="type">Fax</span>:
<span class="value">+1-415-882-0495</span></span>
</div>
</div>
(обично би употребиле
<abbr class="region" title="California">CA</abbr>
за изводот да содржи region="California"
, но Википедија не го поддржува елементот abbr
.)
Можеме да забележиме дека во овој пример, својствата за формално име (fn) и организација (org) се здружени во еден елемент, и со тоа се гледа дека ова е hCard за организација, а не физичко лице.
Други атрибути
уредиЕве други позастапени атрибути:
bday
- датум на раѓање на лицетоemail
honorific-prefix
honorific-suffix
label
- за неразложени адреси (напишани во еден ред)logo
nickname
note
- слободен текстphoto
post-office-box
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Goel, Kavi; Ramanathan V. Guha, Othar Hansson (12 мај 2009). „Introducing Rich Snippets“. Google Webmaster Central Blog. Google. Посетено на 25 мај 2009.
- ↑ Blumenthal, Mike (22 септември 2010). „Google Announces Full Support for Microformats in Local“. Understanding Google Maps. Посетено на 30 септември 2010.
- ↑ Protalinski, Emil (18 февруари 2011). „Facebook adds hCalendar and hCard microformats to Events“. ZDNet. Посетено на 24 март 2011.
- Allsopp, John (2007). Microformats: Empowering Your Markup for Web 2.0. Berkeley: Friendsof. стр. 125. ISBN 1590598148.
Надворешни врски
уреди- Спецификација на hCard - microformats.org (англиски)
- Помошни табели за hCard - microformats.org (англиски)